Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


СМС Известување

1.Како да ја активирам услугата СМС известување од Е-Дневник?(наствник)
2.Како да овозможам СМС известување од Е-Дневник на родителите на учениците од мојата паралелка? (класен раководител)
3.Како да ја активирам услугата СМС известување Е-Дневник? (родител)

1.Како да ја активирам услугата СМС известување од Е-Дневник?(наствник)

Од паѓачкото мени ПОДАТОЦИ изберете ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Внесете го вашиот мобилен телефонски број и кликни зачувај. Потоа активирајте ја услугата ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО СМС и кликни зачувај. Внимавај мобилниот број да биде од формат Yxxxxxx, каде Y е една од цифрите: (0,1,2,5,6,7,8) , а x е било која цифра (0 -9). На крај кликнете зачувај.

2. Како да овозможам СМС известување од Е-Дневник на родителите на учениците од мојата паралелка? (класен раководител)

Од паѓачкото мени РОДИТЕЛИ изберете ја паралелката на која сте класен раководител. За да внесете родител на соодветниот ученик кликнете ПРОМЕНИ во редицата на ученикот. Внесете го неговото име и презиме. Потоа кликнете на Промени Телефонски Број , внесете го мобилниот број на родителот и кликни зачувај. Внимавај мобилниот број да биде од формат Yxxxxxx, каде Y е една од цифрите: (0,1,2,5,6,7,8) ,а x е било која цифра (0 -9).

3.Како да ја активирам услугата СМС известување Е-Дневник? (родител)

Оваа опција е активна само на родителите кои веќе се имаат најавено на Е-Дневник. Доколку сеуште немате корисничко име и лозинка, побарајте од класниот роководител на вашето дете да ви креира кориснички информации. Откако ќе се најавите како родител во Е-Дневник, во горниот десен агол каде што е вашето корисничко име кликнете на “Најавени сте како:”. Ќе ви се отвори прозорецот со вашите лични податоци. Внесете го вашиот мобилен телефонски број и кликни зачувај. Потоа активирајте ја услугата ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО СМС и кликни зачувај. Внимавај мобилниот број да биде од формат Yxxxxxx, каде Y е една од цифрите: (0,1,2,5,6,7,8), а x е било која цифра (0 -9).

2 одговори на “СМС Известување”

  1. Zekirja latifi вели:

    edna dobra moznost za izvestuvanje na roditelite preko sms.Ova ke pridonese, za brzo informiranje na roditelite, za nivnite postignuvanja, odsutnost i povedenie na nivnite deca.
    Pozdrav!

  2. emira вели:

    edna dobra moznost za izvestuvanje na roditelite preko sms.Ova ke pridonese, za brzo informiranje na roditelite, za nivnite postignuvanja, odsutnost i povedenie na nivnite deca.

Напишете коментар