Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Известување за наставниците

Објавено на 26 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека е овозможено внесување на податоци на страна 124-127 – Евиденција за слободни ученички активности од дневникот за основно образование и на страна број 145-146  - Дневник за слободни ученички активности од дневникот за средно образование од наставници кои не предаваат во избраната паралелка, но реализираат Слободни ученички активности во истата.

Ги молиме сите наставници кои одржуваат Слободни ученички активности во паралелка во која не предаваат да ги внесат потребните податоци за Време на одржување, Број на присутни ученици и Наставен предмет, содржини и активности во наведените страни.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Известување за средните училишта

Објавено на 22 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека во Електронскиот дневник за средно образование е имплементирана страната Дневник за работата на ученичката заедница на паралелката (страна број 149-150) .

На оваа страна наставниците кои предаваат во паралелката може да ги внесуваат потребните податоци за работата на ученичката заедница.
Активностите внесени од наставниците се видливи за сите други корисници кои имаат пристап до дневникот на паралелката.

Со притискање на копчето Додади, наставникот внесува податоци за Датум на одржувањеБрој на часови, Број на присутни ученици и Содржина, односно опис. Внесените податоци може да бидат променети или избришани преку копчињата  Промени и Избриши.

ucenickata_zaednica

 

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Избор на јазик на СМС пораките (до класните раководители)

Објавено на 15 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека во Е-Дневникот е додадена функционалност за избор на јазик на СМС пораките.

Во страната Родители, достапна на класниот раководител на паралелката, додадена е опција за избор на јазик (македонскиалбански или турски) на кој ќе бидат испраќани СМС известувањата на родителите. Доколку нема внесено јазик за испраќање на пораките, истите ќе бидат испратени на македонски. Со избор на копчето Промени може да биде внесен или променет јазикот за СМС известување на родителот.

Ги молиме сите класни раководители да го внесат јазикот на кој родителот сака да ги добива СМС пораките.

jazik_sms1

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Известување за заборавена лозинка

Објавено на 10 октомври, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани корисници,

Доколку Вие сте веќе регистриран корисник на Е-Дневник системот и имате проблем со Вашата лозинка Ве известуваме дека сами можете да ја промените истата на следниот начин:

Откако ќе кликнете на следниот линк: https://ednevnik.edu.mk/  може да ја изберете опцијата “ја заборавив лозинката” по што ќе и биде испратен линк за промена на лозинката на мејл адресата со која сте регистрирани.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник 

Известување за Оцените од екстерното тестирање

Објавено на 28 јуни, 2013 во Новости - 1 коментар

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека оцените од Екстерното тестирање на учениците се внесени во Е-Дневник системот.

Овие оцени се прикажани на страната Оцени и Поведение под годишните оцени на ученикот.

Исто така оцените од Екстерното тестирање се внесени и во свидетелството на ученикот, а општиот успех на ученикот автоматски е генериран од годишните оцени за ученикот и од оцените добиени од екстерното тестирање.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Известување

Објавено на 25 јуни, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани Наставници,

Ве известуваме дека внесувањето на оцени во Е-Дневник системот е оневозможено.

Со почит,
Министерство за Образование и Наука

Известување за сите наставници

Објавено на 17 јуни, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека крајниот рок за Комплетно пополнување на Електронскиот дневник е понеделник 24 Јуни 2013 година.

Со почит,
Министерство за Образование и Наука

Соопштение за класните раководители

Објавено на 11 јуни, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека можете да креирате свидетелства на Македонски и албански јазик преку Е-Дневник за учебната 2012/2013 година.

Класните раководители претходно треба да ги имаат внесено крајните оцени (на страница 16-35 “OЦЕНКИ ЗА УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ” ), бројот на изостаноци и останатите податоци од свидетелството (на страница 171 – “СПИСОК НА УЧЕНИЦИ КОИ ПРИМИЛЕ СВИДЕТЕЛСТВО” ) .

За да ги променете податоците за свидетелството како што се име на училиште, датум и место, изберете од горното мени “СВИДЕТЕЛСТВO->ОБРАЗЕЦ” и пополнете ги соодветните полиња.

За креирање на свидетелствo изберете “СВИДЕТЕЛСТВO->КРЕИРАЈ” од горното мени. Од левата страна Ви се прикажани сите паралелки од училиштето, а од десната страна листа на учениците од избраната паралелка. Доколку уредно Ви се внесени податоците за учениците, во средината ќе Ви се прикаже слика од свидeтелство со пополнети информации (предна и задна страница) за избраниот ученик. За да можете да го симнете свидетелството во формат за печатење, изберете некоја од pdf иконите и автоматски ќе Ви се симне соодветното свидетелство на ученикот или на целата паралелка.

Ако полето Прикажи позадина на свидетелство не е селектирано, тогаш се симнуваат само податоците кои треба да се испечатат на свидетелството – оригинал. Доколку полето е селектирано, тогаш се симнува целиот документ (податоците од свидетелството и позадината).

Свидетелствата се достапни само за основни училишта од IV-IX одделение на Македонски и албански јазик и за средни училишта – гимназиско образование од I-IV година на Македонски и албански јазик.

*Совет за печатење: Внимавајте на маргините кои ги подесувате при печатењето, а за најдобро печатење користете ласерски печатачи.

Откако свидетелството кое сакате да го испечатите (свидетелството мора да биде симнато без позадината) ќе го отворите со програма за читање на .pdf документи (Adobe Reader) притиснете на File → Print и ќе ви се појави прозорец за пополнување на потребните параметри за печатење на свидетелството:

- од паѓачкото мени за формат (горе десно) изберете А4 формат

- од паѓачкото мени за Page Scaling изберете една од понудените опции (None, Fit to Printable Area или Shrink to Printable area)

Соопштение за основните училишта

Објавено на 15 мај, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека е додадена нова функционалност за запишување на Постигнувањата на учениците која е достапна за сите наставници кои се класни раководители во прво, второ или трето одделение. До новата страна Постигнувања на ученик може да се пристапи преку страната Листа на ученициПостигнувања на ученик за секој ученик посебно.

На оваа страна класните раководители може да ги внесат постигнувањата на учениците за крајот на првото/второто полугодие и за крајот на учебната година.

Со притискање на копчето Промениможе да се внесат/променат постигнувањата на ученикот за крајот на првото/второто полугодие и за крајот на учебната година. Внесените постигнувања може да се зачуваат/откажат со притискање на соодветното копче Зачувај/Откажи.


Соопштение за основните училишта

Објавено на 30 април, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека во Електронскиот дневник за основно образование се имплементирани страниците Дополнителна настава и друга помош и Додатна и консултативна настава.

На овие страни наставниците можат да внесуваат одржани дополнителни часови и активности само по оние предмети кои ги предаваат во избраната паралелка. Активностите внесени од наставниците се видливи за сите други наставници.

Со притискање на копчето Додади, наставникот може да креира нова активност со податоци за Датум на одржување, Број на часови и Содржина, односно опис за креираната активност. После внесувањето на активноста, со притискање на копчето Внеси ученици, наставникот може да ги внесе сите ученици кои биле присутни на дополнителниот час, а внесените податоци може да бидат променети или избришани преку копчињата Промени ученици, Промени и Избриши.