Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Соопштение за сите наставници

Објавено на 4 јуни, 2015 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека во Електронскиот Дневник на страната за внесување на изостаноци – Преглед на изостаноци се имплементирани две нови функционалности.

Првата функционалност е за внесување забелешка за оддржаните часови без внесување на изостанок такашто секој наставник може да внесе забелешка само за неговиот час. Со имплементирањето на оваа функционалност се овозможува внесување на податокот за недисциплина на час за одреден ученик, без притоа да мора ученикот да биде запишан како отсутен.

zabeleska_za_casot

Другата функционалност е можноста за внесување на изостанок без тип (оправдан/неоправдан) од страна на предметните наставници во паралелката. Секој предметен наставник може да внесе изостанок без тип за ученикот кој не е присутен на неговиот час со притискање на копчето Внеси отсутен, селектирање на отсутните ученици и зачувување на истите преку копчето Зачувај без тип. Внесените изостаноци без тип се обележани со жолта боја.

zacuvaj_bez_tip

Класниот раководител на паралелката може да ги регулира изостаноците со притискање на внесениот изостанок и селектирање на копчето Зачувај оправдан или Зачувај неоправдан од прикажаниот дијалог прозорец.

bez_tip_klasen

Известување за сите наставници

Објавено на 4 мај, 2015 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека во Електронскиот Дневник за основно и средно образование во страните Дополнителна настава и друга помош и Додатна и консултативна настава е имплементирана нова функционалност за внесување на отсутни ученици за соодветната активност.

При запишувањето на реализираната дополнителна/додатна активност покрај описот за активноста, времето на оддржување и присутните ученици, наставникот сега може да ги внесе и учениците кои отсуствувале од истата.

Dopolnitelna_nastava

На сите ученици кои ќе бидат внесени како отсутни ученици од дополнителна активност ќе им биде додаден неоправдан изостанок кој се прикажува во делот за изостаноци во страната Оцени и Поведение и во страната Податоци за учениците / Преглед на изостаноците во прегледот по месеци и во прегледот по предмети.

За учениците кои ќе бидат внесени како отсутни ученици од додатна настава нема да биде внесен неоправдан изостанок.

Соопштение за сите наставници

Објавено на 29 септември, 2014 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека корисничките профили за новата 2014/2015 учебна година се креирани.

Доколку имате проблем со Вашата лозинка Ве известуваме дека можете сами да ја промените истата на следниот начин:

Откако ќе кликнете на следниот линк: https://ednevnik.edu.mk/ може да ја изберете опцијата “ја заборавив лозинката” по што ќе Ви биде испратен линк за промена на лозинката на мејл адресата со која сте регистрирани.

Доколку Вие сте наставник оваа учебна година за прв пат, Ве молиме испратете ги следниве податоци: име, презиме, општина и училиште во кое предавате на мејл адресата [email protected] за да Ви бидат креирани кориснички информации за најава на Е-Дневникот.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник 

Пополнување на податоци во делот Информирање, консултации со родителот

Објавено на 30 јануари, 2014 во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека е овозможено внесување на податоци во делот Информирање, консултации со родителот на страната Податоци за учениците / Преглед на изостаноците страна број 6-13 од дневникот за Основно образование, односно страна број 4-11 од дневникот за Средно образование.

Со притискање на копчето Промени Вие како класен раководител можете да ги внесете/промените потребните податоци за Информирање, консултации со родителот.

Info_roditel

Ве молиме внесете ги потребните податоци во наведената страна.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Префрлување на изостаноци за ученици

Објавено на 9 јануари, 2014 во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека во страната Оцени и Поведение од Е-Дневникот е имплементирана нова функционалност за внесување на изостаноци за учениците.

Доколку во текот на учебната година дојде до префрлување на некој ученик од едно училиште во друго, или од една паралелка во друга тогаш класниот раководител, на новата паралелка на ученикот, треба да го внесе бројот на изостаноци кои новиот ученик ги има добиено во претходното училиште/паралелка.

Со притискање на копчето Додади класниот има можност да внесе број на оправдани и неоправдани изостаноци за I и II полугодие.

prefrleni_izosprefrli_dialog

Внесените изостаноци за ученикот се прикажуваат веднаш до бројот на изостаноци внесени за ученикот во новата паралелка.

Со притискање на копчето Избриши веќе внесените префрлени изостаноци за ученикот се отстрануваат.

prefrli_izbrisi

Префрлените изостаноци се прикажуваат и во страната Податоци за учениците / Преглед на изостаноците веднаш до прегледот на изостаноци за ученикот по месеци.

pref_izos

Овие изостаноци исто така автоматски влегуваат и во статистичките прегледи на паралелката за крај на прво полугодие и крај на година, како и во вкупниот број на изостаноци за ученикот внесени во свидетелството.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Испраќање на известувања по е-пошта (до класните раководители)

Објавено на 30 декември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека во страната Родители е додадена функционалност за испраќање на мејл пораки (известувања) од Вас како класниот раководител на паралелката до родителите на учениците од Вашата паралелка.

Вие можете да испратите на мејл до сите родители од паралелката за кои имате внесено мејл адреса.

Со притискање на копчето Испрати Е-пошта треба да ја пополните содржината на мејлот кој сакате да го испратите и да го потврдите праќањето со притискање на копчето Прати.

Сите мејлови кои Вие ги имате испратено до родителите можете да ги прегледате со притискање на копчето Прегледај емаил пораки.

roditel_mejl

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Внесување на изостаноци (до класните раководители)

Објавено на 25 декември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека е овозможено внесување на изостаноци (од класните раководители) во било кој ден, за било кој час.

На страната Преглед на изостаноци, класниот раководител на паралелката може да внесува изостаноци преку копчињата Внеси отсутни за цел ден и Внеси отсутен.

Со притискање на копчето Внеси отсутни за цел ден класниот ги внесува учениците кои биле отсутни на сите часови тој ден.

Подобрувањето е направено во делот за внесување на изостаноци преку копчето Внеси отсутен.
Со негово притискање класниот може да ги избере отсутните ученици кои сака да ги внесе и часовите на кои истите биле отсутни.
Откако овие информации ќе бидат внесени со притискање на копчето Зачувај оправдани или Зачувај неоправдани се зачувуваат внесените изостаноци на учениците за избраните часови како оправдани/неоправдани.

klasen_otsutni

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Известување за сите наставници

Објавено на 24 декември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека во Е-Дневник системот на страната Податоци > Преглед на внесени податоци по учебна недела е имплементирана уште една нова и корисна функционалност наменета на сите наставници корисници на Е-Дневникот.

На оваа страна освен тоа што е прикажан распоредот на најавениот наставник односно предметот, паралелката, описот на часот кој наставникот го има внесено во соодветната паралелка за конкретниот датум, како и учениците кои биле отсутни за време на одржаниот час сега е овозможено и внесување на податоци (опис и број на час) по сите предмети кои наставникот ги предава во соодветните паралелки.

Со притискање на копчето Внеси опис на час наставникот може да внесе опис во било која паралелка во која предава за конкретниот датум или пак да Промени некој веќе внесен податок.

pregled_na_opisi

Веднаш под оваа табела со притискање на копчето Прегледај ги внесените оцени за оваа учебна недела се појавуваат и информации за оцените кои наставникот ги внел за време на разгледуваната учебна недела, односно прикажани се сите ученици (име и презиме на ученик, предмет, оцената која е внесена во избраниот период како и информација за каква оцена се работи: оцена за усно, писмено, крај на прво / второ полугодие или крај на година) групирани по паралелка.

oceniСо почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Известување за наставниците

Објавено на 26 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека е овозможено внесување на податоци на страна 124-127 – Евиденција за слободни ученички активности од дневникот за основно образование и на страна број 145-146  - Дневник за слободни ученички активности од дневникот за средно образование од наставници кои не предаваат во избраната паралелка, но реализираат Слободни ученички активности во истата.

Ги молиме сите наставници кои одржуваат Слободни ученички активности во паралелка во која не предаваат да ги внесат потребните податоци за Време на одржување, Број на присутни ученици и Наставен предмет, содржини и активности во наведените страни.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Известување за средните училишта

Објавено на 22 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека во Електронскиот дневник за средно образование е имплементирана страната Дневник за работата на ученичката заедница на паралелката (страна број 149-150) .

На оваа страна наставниците кои предаваат во паралелката може да ги внесуваат потребните податоци за работата на ученичката заедница.
Активностите внесени од наставниците се видливи за сите други корисници кои имаат пристап до дневникот на паралелката.

Со притискање на копчето Додади, наставникот внесува податоци за Датум на одржувањеБрој на часови, Број на присутни ученици и Содржина, односно опис. Внесените податоци може да бидат променети или избришани преку копчињата  Промени и Избриши.

ucenickata_zaednica

 

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник