Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Барање за учество во истражување за учењето на далечина

Објавено на 29 јуни, 2020 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставнички и наставници,

Ви се обраќаме во врска со една мошне важна иницијатива за сеопфатно истражување во основните и средните училишта поврзано со здравствената криза и КОВИД-19 што, во голема мера, влијаеше на начинот на кој се реализира воспитно-образовниот процес во нашата земја. Со затварањето на училиштата се измени начинот на кој се реализираат училишните активности и сите учествувавме во прилагодувањето на ново настанатата ситуација. Токму затоа е неопходно да се сумираат сите можни предизвици со кои моравме да се соочиме во овој период и да процениме како треба да се продолжи понатаму. 

Во таа насока ве повикуваме да земете масовно учество во ова истражување кое ги вклучува сите засегнати страни во образовниот процес, а неговата основна цел е да ги сумира сите релевантни искуства и да го процени севкупното влијание на пандемијата COVID-19 врз образовниот процес во земјата. Преку вклучување на сите засегнати страни (даватели и корисници на услуги во образовниот сектор) - директори, наставници, родители и ученици, ова истражување ќе ни даде директен увид во  различните искуства и важните аспекти на учењето на далечина.

Истражувањето ќе се спроведува во две фази, а се реализира од страна на Реактор –Истражување во акција со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и во тесна соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, како главни корисници. Со овој допис ве контактираме за првата фаза од ова истражување, која се спроведува во текот на периодот 25 јуни – 5 јули, 2020 година и треба да ни даде увид во вашите првични лични искуства од образовниот процес во периодот од затворањето на училиштата, поточно од 10-ти март, до крајот на учебната 2019-2020 година. Во втората фаза од истражувањето ќе ги сумираме искуствата од почетокот на наредната учебна година.

За да успешно ги измериме состојбите и искуствата од новонастанатата реалност што го зафати не само образовниот сектор туку и сите сегменти на нашето живеење, но и за да извлечеме валидни заклучоци и препораки, потребна ни е вашата искрена и навремена соработка. Идните планови и насоки поврзани со наставата на далечина, како и наставата во време на епидемија ќе се водат од вашите лични искуства, потреби и предизвици со кои сте се соочиле.                   

Затоа, најљубезно Ве замолуваме да одвоите околу половина час од Вашето драгоцено време и да ги споделите Вашите размислувања и искуства преку пополнување на прашалниците што Ви се достапни на следниот линк:  

        1.     Линк од прашалникот за наставнички и наставници на македонски јазик (кликни тука) 

        2.     Линк од прашалникот за наставнички и наставници на албански јазик (кликни тука)                  

Притоа, имајте на ум дека сите ваши одговори и споделени податоци се строго доверливи, а вашата анонимност е строго гарантирана од страна на реализаторот. Сите информации што понатаму ќе бидат проследени се анонимни (без лични имиња и обележја) и во форма на групни наоди кои ќе се користат исклучиво за целите на проектот за кој што се собираат. Во согласност со законите за приватност и регулативите за заштита и контрола на податоци, сите ваши податоци ќе се чуваат во рок од шест месеци, по што ќе бидат соодветно избришани. 

Ова е шанса да се слушне вашиот глас за дадената тема и да ни помогнете да добиеме што покорисни информации за конкретните прашања кои ќе ви бидат од корист и вам. Однапред изразуваме искрена благодарност за Вашето учество и придонес кон оваа важна анализа, со надеж дека заемно ќе си помогнеме да го усовршиме и подобриме овој сегмент од нашиот образовен систем.  Доколку имате дополнителни прашања во врска со истражувањето или политиките за приватност, слободно обратете се на контактите посочени подолу.  

Срдечен поздрав,

Министерството за образование и наука

Е-адреса за дополнителни прашања: [email protected]

Соопштение

Објавено на 6 март, 2019 во Новости - Нема коментари

Почитувани,

Министерството за образование и наука по извршени консултации со наставниците во училиштата, како и со фирмата која обезбедува одржување на е-дневник,изврши увид во системот и техничките можности за сумарно внесување на изостаноците на учениците од првото полугодие и по однос на истото Ве известуваме дека изостаноците на учениците потребно е да ги внесувате од отпочнувањето на второто полугодие од учебната 2018/2019 година.

Со почит,

Министерството за образование и наука

Соопштение за наставниците за пополнување на анкета за учебници

Објавено на 15 септември, 2017 во Новости - Нема коментари

Почитувани настаници,

Анкетниот прашалник за наставните содржини на учебниците кој беше доставен до сите училишта со лозинка за секое училиште сега ви е достапен единствено преку најава на електронскиот дневник. Со кликање на линкот ќе можете директно да пристапите до прашалникот и да го пополните.

 

Процедура за одработување на часови во сабота

Објавено на 13 март, 2017 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека доколку треба да одработувате часови во сабота, потребно е класните раководители во Е-Дневникот да направат поделба на тековниот распоред од датумот на учебната недела во која ќе имате работна сабота. Во новиот поделен распоред класните раководители треба да ги внесат дополнителните предмети во сабота (за денот за кој ќе се одржува настава), за да може да ги внесете одржаните часови во истата. Овој распоред треба да важи само за периодот во кој има работни саботи.

На пр. доколку треба да одработувате часови на 18.03.2017 (сабота), класните раководители треба да го поделат распоредот од 13.03.2017 и да направат промена на новиот поделен распоред со внес на соодветните предмети во сабота за денот кој се одработува. Доколку следната сабота не се одработува, класните раководители треба да направат нова поделба на новиот распоред од 20.03.2017 и во новиот поделен распоред од 20.03.2017 да ги отстранат предметите од сабота, со цел распоредот со одржани часови во сабота да трае само една учебна недела (13.03.2017 – 19.03.2017).

Во случај кога веќе имате одработено часови во сабота, откако класните раководители ќе направат соодветна поделба на распоредот, обратете се на мејл адресата [email protected] за да Ви бидат внесени предметите за сабота во новиот поделен распоред, за потоа да можете да ги внесете одржаните часови за тој ден.

На пр. доколку одржаната сабота Ви била на 04.03.2017 (сабота), класните раководители нека направат поделба на тековниот распоред со датум на поделба 27.02.2017. По испраќањето на мејл до горенаведената мејл адреса и добивање потврден одговор дека предметите се внесени во саботата од поделениот распоред, може да ги внесете часовите за 04.03.2017 (сабота). Доколку наредната сабота не се одработува, потребна е нова поделба на распоредот со датум 06.03.2017, со цел претходниот распоред да важи само за таа недела во која се одработувала саботата, односно за периодот 27.02.2017 – 05.03.2017.

Ако се одработуваат повеќе последователни саботи, новата поделба треба да биде од датумот од кој се продолжува со редовна настава со часови од понеделник до петок.

Со почит,
Тимот на Е-Дневник

Соопштение за сите наставници

Објавено на 26 јануари, 2017 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека внесот на полугодишни оценки од завршните години за средно образование ќе биде оневозможен на 29.01.2017 (недела) на полноќ (23:59 часот).

Со почит,

Тимот на Е-Дневник

Соопштение за сите наставници за учебната 2016/2017 година

Објавено на 23 септември, 2016 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека учебната 2016/2017 година и корисничките профили за истата се креирани. Најавете се на Е-Дневникот со корисничкото име и лозинка со кои сте се најавувале досега.

Доколку оваа учебна година сте наставник за прв пат, Ве молиме испратете ги следниве податоци: име, презиме, општина и училиште во кое предавате на мејл адресата [email protected]edu.mk за да Ви бидат креирани кориснички информации за најава во Е-Дневник системот.

Наставниците кои имаат промена на матично училиште нека се обратат на горенаведениот мејл за да им се овозможи пристап до Е-Дневникот со корисничките информации кои ги користеле во претходното матично училиште.

Со почит,

Тимот на Е-Дневник

Соопштение за сите наставници за учебната 2015/2016 година

Објавено на 8 октомври, 2015 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека корисничките профили за учебната 2015/2016 година се креирани. Најавете се на Е-Дневникот со корисничкото име и лозинка со кои сте се најавувале досега.

Доколку оваа учебна година сте наставник за прв пат, Ве молиме испратете ги следниве податоци: име, презиме, општина и училиште во кое предавате на мејл адресата [email protected] за да Ви бидат креирани кориснички информации за најава во Е-Дневник системот.

Наставниците кои имаат промена на матично училиште нека се обратат на горенаведениот мејл за да им се овозможи пристап до Е-Дневникот со корисничките информации кои ги користеле во претходното матично училиште.

Со почит,
Тимот на Е-Дневник

Соопштение за сите наставници

Објавено на 23 септември, 2015 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека внесувањето на оценки за учебната 2014/2015 година е повторно овозможено. Рокот за внес на оценки ќе биде заклучно со 14-ти Октомври (среда).

Со почит,
Тимот на Е-Дневник

Соопштение за сите класни раководители

Објавено на 4 јуни, 2015 во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека во страната Листа на ученици од вертикалното навигационо мени е имплементирана нова функционалност. Наставниците кои се класни раководители на паралелки со наставен јазикразличенод македонски (албански, турски,…) ќе имаат можност да го внесат името и презимето на ученикот и родителот и на(албански, турски,…) јазик.

Ве информираме дека веќе внесените податоци за име и презиме на ученикот и родителот во ЕМИС системот во Е-Дневникот се превземени во соодветното поле за внес на податоците на македонски јазик. Доколку податоците во ЕМИС се веќе внесени на албански/турски јазик тогаш класните раководители на паралелките ќе треба да направат промена на овие податоци такашто во колоната за македноски јазик ќе биде внесено името и презимето на македонски јазик, а во колоната за албански/турски јазик ќе бидат внесени податоците на албански/турски јазик.

lista_na_ucenici

Внесувањето на овие податоци и на македонски јазик и на наставниот јазик на ученикот ќе овозможат креирање на комплетно двојазично свидетелство за ученикот преку Е-Дневник системот.

 

Соопштение за сите класни раководители

Објавено на во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека на страната за внесување на родителите за учениците од Вашата паралелка – Родители се имплементирани две нови функционалности.

Првата функционалност е за испраќање на мејл известување до сите родители за кои имате внесено мејл адреса. Со притискање на копчето Испрати мејл до сите родители Вие можете да ги известите сите родители за следната родителска средба или друга активност истовремено.

Другата функционалност е можноста за внес на двајцата родители за секој ученик, такашто за секој родител може да се внесат неговите мејл адреса и телефонски број со што се овозможува и двајцата родители/старатели на ученикот да имаат можност за пристап до Е-Дневникот на ученикот преку сопствената мејл адреса и да добиваат СМС известувања на нивниот телефонски број.

Класниот раководител на паралелката откако ќе ги внесе податоците за првиот родител/старател за ученикот, може да ги внесе податоците и за вториот родител/старател со притискање на копчето Додади родител и пополнување на потребните податоци: име и презиме (задолжително) и телефонски број (опционално). Откако и вториот родител/старател на ученикот ќе биде внесен во системот, класниот може да ја внесе и неговата мејл адреса со притискање на копчето Промени во делот за внес на мејл адреса.

Сите податоци за двајцата родители име, презиме, мејл адреса, тел. број и јазик за смс известување може да бидат променети од класниот раководител во било кое време преку копчето Промени во соодветниот дел.

dvajca_roditeli