Прашања за наставник
1. Кога го отворив Е-Дневникот забележав дека сите податоци за наставници, паралелки, ученици, предмети, наставен план итн. се веќе внесени. Кој ги внел овие податоци?
2. Забележав дека некои ученици недостасуваат. Како може да се внесат овие ученици?
3. Како да се најавуваат наставниците кои предаваат во повеќе училишта?
4. Како да променам улога доколку истовремено сум наставник во повеќе училишта, наставник и родител, наставник и педагог/психолог, наставник и директор?
5. Како да ја променам лозинката?
Прашања за родител
1. Како да добијам пристап до Е-Дневникот за моето дете?
2. Кои се придобивките од Е-Дневникот за родителите?
3. Доколку сум родител на две или повеќе деца, што треба да направам за да имам достап до податоците за сите деца со една меил адреса?
4. Како да ја променам лозинката?
5. Каде се прикажани меил адресите на наставниците?
Прашања за класен раководител
1. Како да преместам предмети со веќе одржани часови во постоечкиот распоред?
2. Внесување и промена на број на главна книга за секој ученик?
3. Кои податоци треба да ги внесам за да можат останатите наставници кои предаваат во паралелката да го користат Е-Дневникот?
4. Јас сум класен раководител на паралелка во која не предавам, а во Е-Дневник никаде не пишува дека сум класен раководител. Како да се реши овој проблем?
5. Како да избришам час од распоредот?
6. Како да внесам периодичен распоред?
Прашања за ЕМИС администратори во училиштата
1. Пополнување на полињата ‘Шифра’ и ‘Опис’ кај паралелките во основните училишта во ЕМИС?
2. Пополнување на полињата ‘Шифра’ и ‘Опис’ кај паралелките во средните училишта во ЕМИС?
3. Како да се внесат наставници во училиште кое не им е матично, т.е. како да се внесат наставници кои предаваат во две или повеќе училишта?
4. Како да внесам наставници во Е-Дневник?
5. Како да внесам ученици во Е-Дневник?
6. Што да направам доколку некој ученик се префрлил во друго училиште или се отпишал од училиштето?
7. Што да направам доколку некој наставник прекинал со работа во училиштето, но и покрај тоа сеуште се појавува во Е-Дневник?
Ова е страна за често поставувани прашања.
Сите прашања кои корисниците на Е-Дневникот ги поставиле по емаил или по телефон, а кои се корисни за останатите корисници на Е-Дневникот, ќе бидат напишани тука.
Наставник
- Кога го отворив Е-Дневник забележав дека сите податоци за наставници, паралелки, ученици, предмети, наставен план итн. се веќе внесени. Кој ги внел овие податоци?
- Секое училиште има по двајца обучени ЕМИС администратори кои ги внесуваат горенаведените податоци во ЕМИС системот. Прочитајте повеќе за ЕМИС на следниов линк.
- Забележав дека некои ученици недостасуваат. Кој треба да ги внесе овие ученици?
- Сите референтни податоци во Е-Дневникот освен распоредот на часови се превземени од ЕМИС. Доколку податоците за наставници, паралелки или ученици имаат грешка или не се целосни, Ве молиме известете ги ЕМИС администраторите од Вашето училиште да ги внесат/променат податоците.
- Како да се најавуваат наставниците кои предаваат во две или повеќе училишта?
- Наставниците кои предаваат во повеќе училишта нема потреба да се најавуваат на Е-Дневник со посебно корисничко име и лозинка за секое училиште во кое предаваат бидејќи со корисничкото име и лозинка од матичното училиште може да пристапуваат до Е-Дневниците во сите училишта во кои предаваат.
Откако ќе се најават на Е-Дневник со корисничкото име од матичното училиште, за да имаат достап до податоците за сите училишта во кои предаваат, потребно ќе биде само да го сменат училиштето или да ја сменат улогата на начинот прикажан во сликата подолу: - За да може да се користи оваа функционалност потребно е ЕМИС администраторите од училиштето кое не им е матично да го внесат податокот во ЕМИС дека наставникот предава по соодветниот предмет во соодветните паралелки во училиштето како наставник од матичното училиште.
(Детално објаснување како да се внесат наставници кои предаваат во две или повеќе училишта е прикажано подолу во прашањата за ЕМИС администратори).
- Наставниците кои предаваат во повеќе училишта нема потреба да се најавуваат на Е-Дневник со посебно корисничко име и лозинка за секое училиште во кое предаваат бидејќи со корисничкото име и лозинка од матичното училиште може да пристапуваат до Е-Дневниците во сите училишта во кои предаваат.
- Како да променам улога доколку истовремено сум наставник во повеќе училишта, наставник и родител, наставник и педагог/психолог, наставник и директор?
- Наставниците кои предаваат во повеќе училишта, наставниците кои истовремено се родители и наставници, психолози/педагози и наставници или директори и наставници нема потреба да користат различно корисничко име и лозинка за да имаат повеќе улоги. Корисниците на Е-Дневникот имаат можност со едно корисничко име и лозинка да променат улога.
Откако ќе се најават на Е-Дневник, наставниците може да ја променат улогата на начинот прикажан во следната слика.
- Наставниците кои предаваат во повеќе училишта, наставниците кои истовремено се родители и наставници, психолози/педагози и наставници или директори и наставници нема потреба да користат различно корисничко име и лозинка за да имаат повеќе улоги. Корисниците на Е-Дневникот имаат можност со едно корисничко име и лозинка да променат улога.
- Како да ја променам лозинката?
- Прв начин. Доколку сте ја заборавиле, имате проблем или не можете да се најавете на Е-Дневник со добиената лозинка, изберете ја опцијата ‘ја заборавив лозинката’ по што ќе Ви биде испратен линк за промена на лозинката на мејл адресата со која сте регистрирани на Е-Дневник.
- Втор начин. Доколку сакате да ја променете веќе добиената лозинка, постапката за промена на лозинка е следната:
Најавете се на Е-Дневникот.
Кликнете со глувчето на Вашето корисничко име во горниот десен агол.
Пред Вас треба да е прикажана форма со лични податоци. На дното на формата има три полиња. Внесете ја Вашата тековна лозинка, новата лозинка, новата лозинка повторно и зачувајте ги промените. Или погледнете ја сликата подолу:
- Прв начин. Доколку сте ја заборавиле, имате проблем или не можете да се најавете на Е-Дневник со добиената лозинка, изберете ја опцијата ‘ја заборавив лозинката’ по што ќе Ви биде испратен линк за промена на лозинката на мејл адресата со која сте регистрирани на Е-Дневник.
Родител
- Како да добијам пристап до Е-Дневникот за моето дете?
- Потребно е да отидете кај класниот раководител на паралелката на вашето дете и да ја оставете Вашата емаил адреса, на која по активирање од страна на класниот раководител ќе ви биде испратена вештачки генерирана лозинка (која подоцна може да ја променете) со која ќе може да се најавете на Е-Дневникот.
- Кои се придобивките од Е-Дневникот за родителите?
- Е-Дневникот Ви овозможува увид во целокупната работа на паралелката така што може да видете опис на час за секој одржан час, како и увид во распоредот на Вашето дете. Исто така овозможен Ви е пристап до оцените и изостаноците на Вашето дете.
- Доколку сум родител на две или повеќе деца, што треба да направам за да имам достап до податоците за сите деца со една меил адреса?
- Замолете ги класните раководители на Вашите деца да ја внесат Вашата меил адреса во податоците за родителите за да можете да пристапете до информациите на Е-Дневник.
Откако ќе добиете кориснички информации за едно од децата ќе можете да се најавете на Е-Дневник, а откако класните раководители на другите деца ќе ја внесат Вашата меил адреса во податоците за родителите, нема да ви пристигнат нови кориснички информации и за другите деца, туку откако ќе се најавете на Е-Дневник со претходно добиените кориснички информации потребно ќе биде само да ја сменете улогата (во горниот десен агол) на начинот прикажан во следната слика.
- Замолете ги класните раководители на Вашите деца да ја внесат Вашата меил адреса во податоците за родителите за да можете да пристапете до информациите на Е-Дневник.
- Како да ја променам лозинката?
- Доколку сте ја заборавиле, имате проблем или не можете да се најавете на Е-Дневник со добиената лозинка, откако ќе кликнете на следниов линк: https://ednevnik.edu.mk/ може да ја изберете опцијата ‘ја заборавив лозинката‘ по што ќе Ви биде испратен линк за промена на лозинката на мејл адресата со која сте регистрирани на Е-Дневник.
- Каде се прикажани мејл адресите на наставниците?
- Во горниот лев агол кај “Училиште” -> “Детали за наставниците” има листа со мејл адреси на наставниците кои предаваат на паралелката.
Класен раководител
- Преместување на предмети со веќе одржани часови во постоечкиот распоред.
- Внесување и промена на број на главна книга за секој ученик. Сега редоследот на учениците е според бројот на главната книга.

- Кои податоци треба да ги внесам за да можат останатите наставници кои предаваат во паралелката да го користат Е-Дневникот?
- Класниот раководител треба да го внесе распоредот на часови, бидејќи само тој има привилегии да го стори тоа.
При внесување на распоред имајте во предвид дека распоредот треба да почнува со понеделник и да завршува со недела, а може да трае и повеќе од една недела. Не мора за секоја недела да внесувате нов распоред ако знаете дека е ист распоредот.
Сепак, препорачливо е наместо за целата учебна година или за целото полугодие да креирате распоред за секоја седмица или секој месец посебно, за да можете полесно да направете промени доколку има потреба.
- Класниот раководител треба да го внесе распоредот на часови, бидејќи само тој има привилегии да го стори тоа.
- Јас сум класен раководител на паралелка во која не предавам, а во Е-Дневник никаде не пишува дека сум класен раководител. Како да се реши овој проблем?
- Известете ги ЕМИС администраторите од Вашето училиште да го внесат податокот дека сте класен раководител на соодветната паралелка, т.е. во ‘предмети на паралелката’ да го внесат предметот „Одделенски/Класен час“ и да го штиклираат полето „Дали наставникот е класен?“ Откако ќе го сторат тоа ќе можете да креирате распоред и да внесувате податоци како класен раководител.
- Како да избришам час од распоредот?
- За да избришете час од распоредот означете го предметот од листата, изберете празен ред (тоа е првиот понуден избор на час) и зачувајте ги промените. Со тоа тој час нема да има предмет.
- Како да внесам периодичен распоред?
- Во Е-Дневникот постои опција два распореди да се менуваат на определено време (1, 2, 3 или 4 седмици). Оваа опција се активира на следниов начин:- Внесете го првиот распоред и поставете го да важи од 01.09 до 30.06
- Потоа, кликнете на копчето ‘Прикажи повеќе информации’ над распоредот.
- Откако ќе Ви се отвори ‘Внеси недели за периодичен распоред’ изберете на колку недели сакате да се менува распоредот.
- Потоа внесете го вториот распоред со важење од две недели после 01.09 до 30.06, и исто така изберете да се менува 2 недели.
- Откако ќе го сторете горенаведеното двата распореди ќе се менуваат на две седмици.
- Во Е-Дневникот постои опција два распореди да се менуваат на определено време (1, 2, 3 или 4 седмици). Оваа опција се активира на следниов начин:- Внесете го првиот распоред и поставете го да важи од 01.09 до 30.06
ЕМИС администратори
- Пополнување на полињата ‘Шифра’ и ‘Опис’ кај паралелките во основните училишта во ЕМИС ?
- Пополнување на полињата ‘Шифра’ и ‘Опис’ кај паралелките во средните училишта во ЕМИС ?
- Како да се внесат наставници во училиште кое не им е матично, т.е. како да се внесат наставници кои предаваат во две или повеќе училишта?
- За да имаат достап до податоците за сите училишта во кои предаваат, потребно е ЕМИС администраторите од училиштето кое не им е матично, во ЕМИС да го внесат податокот дека наставникот предава по соодветниот предмет во соодветните паралелки како наставник од матичното училиште.
(Во ЕМИС од главното мени се избира ‘Училишта’ ,потоа ‘Паралелки’ , преглед на соодветната паралека , ‘Наставници кои предаваат на паралелка’ , ‘Додади наставник’).
Наставниците кои предаваат во две или повеќе училишта не треба да се внесат во ЕМИС кај ‘Наставен кадар’ / ‘Наставници’ за училиштето кое не им е матично.
- За да имаат достап до податоците за сите училишта во кои предаваат, потребно е ЕМИС администраторите од училиштето кое не им е матично, во ЕМИС да го внесат податокот дека наставникот предава по соодветниот предмет во соодветните паралелки како наставник од матичното училиште.
- Како да внесам наставници во Е-Дневник?
- Постапката за внес на наставници во Е-Дневникот е следнава:
Во ЕМИС кај ‘Училишта’ / ‘Училишен наставен план и програми’ / ‘Преглед’ / ‘Наставници по предмети’, а потоа ќе можете да ги внесете кај паралелките.
- Постапката за внес на наставници во Е-Дневникот е следнава:
- Како да внесам ученици во Е-Дневник?
- Процедурата за внес на ученици во прва година е следнава:Од училишта -> се избира Паралелки -> потоа Преглед (за паралелката за која сакате да внесете ученици) -> долу се појавуваат три табови од кои треба да го изберете Ученици на паралелката -> Внеси ученик. При барањето на учениците треба да внимавате на тоа дека не сите ученици се со статус завршено образование, исто така треба да внимавате на голема и мала буква на кирилица и латиница. Доколку некој ученик го нема во листата за да го изберете, а претходно сте ги пробале сите комбинации, потребно е да се внесе ученикот од Ученици -> Лични податоци на ученици -> Нов запис.
- Што да направам доколку некој ученик се префрлил во друго училиште или се отпишал од училиштето?
- Доколку сакате да избришете ученик потребно е во ЕМИС на податокот кој сакате да го избришете да му поставите статус ‘избришан податок’ или ‘отпишан’.
Учениците чиј статус е ‘отпишан’ нема да ги има во Е-Дневникот.
- Доколку сакате да избришете ученик потребно е во ЕМИС на податокот кој сакате да го избришете да му поставите статус ‘избришан податок’ или ‘отпишан’.
- Што да направам доколку некој наставник прекинал со работа во училиштето, но и покрај тоа сеуште се појавува во Е-Дневник?
- На наставниците кои веќе не се вработени во училиштето, го менуваат своето работно место, одат во пензија или се на породилно отсуство, потребно е во ЕМИС да им се смени статусот од валиден во пасивен податок.







ova e nesto mnogu dobro
Се е добро.Само што се јавува голем проблем околу тоа емаил адресите на родителите.
Емаил адресите се предадени на учениците, и тиа дали ги доставуаат дома тоа е знак прашалник ?
Исто така браво за Администраторите за големиот труд што го вложиле !
Поздрав и се најубаво
Pocituvani,
Prvo da ve pofalam kako Vlada i kako tim. Sekoja cest!!! Ova e pocetok, no mnogu lesno se odstranuvaat tehnickite precki ( bidejki 1sum ing imam poznavanja)
Vo e-dnevnikot na moeto dete ima vneseno samo raspored na casovi i vo tekovnata nedela naslovite na lekciite sto se obrabotuvaat sekoj cas po sekoj predmet.
Prasanje:
1. Zosto nemem objaveno nastaven plan ( po sekoj predmet) po koj se raboti so moeto dete, a na web velite deka itreba da imam takva informacija?
2. Zosto ne se pocituva rasporedot vo realnosta, bidejki ne soodvetstvuvaat izrabotenite zadaci vo ucebnicite i tetratikite so rasporedot o e-dnevnikot?
3. Zosto ne gi gledam komentarite od nastavnikot kako e sovladan materijalot od moeto dete in na sto treba da obrnam posebno vnimanie pri rabota vo domasni uslovi?
4. Zosto nemam kontakt e-mail od site nastavnici koi se vkluceni vo obrazovniot proces na moeto dete?
Vo momentov vo O.U.Stiv Naumov – Skopje, ima samo ednonasocna komunikacija od U.O. kon roditelite, a ne dvonasocna, i od roditelite kon edukatorite. Zosto mi e potreben e-dnevnik togas, jas go gledam profilot posle 17h koga se vrakam od rabota, a vo ucilisteto veke nema nikoj za da mozam da go komuniciram?
Se nadevam deka ke dobijam odgovor postavenite prasanja.
Pozdrav,
Lidija
ova e mnogu dobro
Pozdrav mnog cestitki za ovoj proekt, barem sega qe bideme po transparentni i po objektivni so nashta rabota kako nastvnici, ne interesira dali e tocno deka idnata godina 2012/2013 klasicnite dnevnici ne qe se upotrebuvat, qe se uptrebat samo elktronskite dnevnici. Mnogu pozdrav od OU Abdil Fraseri-Bogovinje
Licno smetam deka e navistina dobra rabota no dokolku se koristat i obicnite dnevnici smetam deka nastavnicite samo ke pisuvat ,a vreme za vistinska rabota so ucenicite ke nema.
Pocituvani,
Me interesira kako roditelite se najavuvaat na ednevnik. Jas kako klasen rakovoditel gi vnesov nivnite email adresi, no me interesira dali treba jas da ja aktiviram ovaa usluga, ili pak tie kje dobijat poraka so nivnite login informacii, pa samite kje se najavat.
Почитуван,
Ве известуваме дека нема потреба ништо да активирате бидејќи после внесувањето на мејл адресите на родителите во Е-Дневник системот автоматски испраќа кориснички имиња и лозинки на соодветните мејл адреси.
Но, доколку има родители чии мејл адреси се внесени во податоците за родителите а и покрај тоа сеуште немаат добиено корисничко име и лозинка, потребно ќе биде да им испратете нова лозинка, т.е. да кликнете на копчето Нова лозинка во делот каде што сте ги внеле мејл адресите.
Доколку и после тоа родителите немаат добиено корисничко име и лозинка известете не за кои родители/мејл адреси станува збор за да провереме подетално во што е проблемот и да Ви испратеме кориснички имиња и лозинки за нив.