Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Упатство за наставници

1. Како да се најавам на Е-Дневникот за прв пат?
2. Како да се најавам на Е-Дневникот и како да изберам дневник?
3. Како да ги гледам сите страни на Е-Дневникот?
4. Како да внесам оцена?
5. Како да внесам опис на час и изостаноци?
6. Како да го видам наставниот план, и дополнителни детали за наставниците и предметите?
7. Како да оправдам изостанок? (класен раководител)
8. Како да внесам распоред на часови на мојата паралелка? (класен раководител)
9. Како да овозможам пристап до Е-Дневникот на родителите на учениците од мојата паралелка? (класен раководител)
10. Како да преместам часови во распоредот? (класен раководител)

1. Како да се најавам на Е-Дневникот за прв пат?
  • Прва најава со вештачко корисничко име и лозинка на Е-Дневник
  • Внесете Ваш email
  • Проверете го Вашиот email и кликнете на линкот кој ви е пратен.
  • Внесете лозинка
  • Најавете се на Е-Дневникот со вашиот email како корисничко име и лозинката која ја внесовте.
Дијаграм за креирање на сметка - Наставник

Дијаграм за креирање на сметка – Наставник

2. Како да се најавам на Е-Дневникот и како да изберам дневник?

Внесете ги Вашето корисничко име и лозинка на Е-Дневник. Пристап до сите дневници имате преку паѓачкото мени ДНЕВНИЦИ.

3. Како да ги гледам сите страни на Е-Дневникот?

Користејќи ја почетната страна со сите дневници и кратенки до најкористените страни од дневникот, преку паѓачкото мени СОДРЖИНА, каде сите страни се нумерирани, долната помошна навигација за брзо движење низ страните на дневникот, кратенките од левата страна кои водат до најкористените страни, и/или календарот преку кој може да стигнете до која било недела од учебната година.

4. Како да внесам оцена?

Изберете го дневникот на паралелката (на која сте класен раководител) од паѓачкото мени ДНЕВНИЦИ. Од паѓачкото мени СОДРЖИНА изберете ОЦЕНКИ ЗА УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ – ПАРАЛЕЛКА. Кликни на квадратчето каде што треба да се внесе оценка. Во дијалог прозорецот пополни ги потребните информации и кликни зачувај.

5. Како да внесам опис на час и изостаноци?

Опис на час се внесува на страницата ПРЕДМЕТИ СПОРЕД НАСТАВНИОТ ПЛАН, ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА, ЧАС НА ПАРАЛЕЛКАТА.

Откако ќе се најавите со внесување на Вашето корисничко име и лозинка, изберете го дневникот на паралелката од паѓачкото мени ДНЕВНИЦИ. Од паѓачкото мени СОДРЖИНА изберете ПРЕДМЕТИ СПОРЕД НАСТАВНИОТ ПЛАН, ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА, ЧАС НА ПАРАЛЕЛКАТА. Кликнете на полето Внеси опис на час над часот за кој што сакате да внесете опис, пополнете го описот во полето што ќе се појави и кликнете Зачувај. На крај кликнете Зачувај за да го зачувате описот на часот.

6. Како да го видам наставниот план, и дополнителни детали за наставниците и предметите?

Изберете го дневникот на паралелката од паѓачкото мени ДНЕВНИЦИ. Од паѓачкото мени СОДРЖИНА изберете ПЛАН СПОРЕД КОЈ СЕ ИЗВЕДУВА НАСТАВАТА. За дополнителни детали за предметите и наставниците изберете ДЕТАЛИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ од паѓачкото подмени ПОДАТОЦИ.

7. Како да оправдам изостанок? (класен раководител)

Изберете го дневникот на паралелката (на која сте класен раководител) од паѓачкото мени ДНЕВНИЦИ. Од паѓачкото мени СОДРЖИНА изберете ПРЕДМЕТИ СПОРЕД НАСТАВНИОТ ПЛАН, ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА, ЧАС НА ПАРАЛЕЛКАТА. Ова ќе Ве донесе на тековната недела. Кликнете го копчето „Следна страна“ за преглед на изостаноците. Кликнете на соодветното квадратче за да ги префрлите изостаноците од неоправдани во оправдани, и обратно. Опционално, внесете забелешка и кликнете Зачувај.

8. Како да внесам распоред на часови на мојата паралелка? (класен раководител)

Изберете го дневникот на паралелката (на која сте класен раководител) од паѓачкото мени ДНЕВНИЦИ. Од паѓачкото мени СОДРЖИНА изберете РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ. Внесете ги датумите за кои ќе важи распоредот (распоредот треба да започне со ден понеделник и да заврши со ден недела) и кликнете Креирај. Кликнете на копчето Промени над ново-креираниот распоред, и потоа внесете ги сите часови од паѓачките менија.

9. Како да овозможам пристап до Е-Дневникот на родителите на учениците од мојата паралелка? (класен раководител)

10. Како да преместам часови во распоредот? (класен раководител)

Еден одговор на “Упатство за наставници”

  1. САШО ЛИВРИНСКИ вели:

    ПРЕДАВАМ ВО ГИМНАЗИЈАТА ,,КОЧО РАЦИН,,МУЗИЧКА УМЕТНОСТ.ОД СЕ СРЦЕ ГО ПОДДРЖУВАМ ПРОЕКТОТ И МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ПОЕФИКАСНА РАБОТА НА НАСТАВНИЦИТЕ,ПОДОБАР УВИД ВО УСПЕХОТ,РЕДОВНОСТА И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ.

  2. КАТЕРИНА ЃОРЃЕВИЌ вели:

    ПРЕДАВАМ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ,,11 ОКТОМВРИ,, ВО КУМАНОВО, ПРОФЕСОР ПО ГЕОГРАФИЈА. ПРОЕКТОТ КАЈ НАС ЌЕ СТАРТУВА ОД 1 СЕПТЕМВРИ И ИСКРЕНО И ОД СЕ СРЦЕ ГО ПОДДРЖУВАМ.СМЕТАМ ДЕКА ВО МНОГУ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ПОЕФИКАСНА РАБОТА И НА НАС НАСТАВНИЦИТЕ А ВОЕДНО И НА РОДИТЕЛИТЕ КОИ ЌЕ ИМААТ УВИД ВО НАПРЕДУВАЊЕТО НА СВОЕТО ДЕТЕ.

  3. Trajan вели:

    sakam da vlezam vo elektronskiot Dnevnik

  4. Trajan вели:

    Со внесување на Е-Дневникот во наставата-тренд на осовременување на наставата

  5. Trajan вели:

    Со Е- Дневникот влегуваме во наставата на современиот свет.

  6. tamara вели:

    Elektronskiot dnevnik e ok,no mislam deka treba da se trgnat od upotreba klasicnite dnevnici,bidejki e toa edna ista rabota samo se povtoruva.

  7. Vildan вели:

    Предавам во О.У.„Јане Сандански„ Скопје, искрено се надевам дека овој проект ќе придонесе во унапредувањето на обрзованието во Р. Македонија.

  8. ilinka вели:

    mi se dopaga i smetam deka e od golemo znacenje kako za nas nastavnicite taka i za roditelite i ucinicite.

  9. Bedri вели:

    Предавам во С.У.Г.С „Зеф Љуш Марку„ -Скопје, искрено се надевам дека овој проект ќе придонесе во унапредувањето на обрзованието во Р. Македонија, забелешката треба да биде и на Албански јазик.

  10. Ramiz вели:

    Dali e-dnevnikot za site osnovni ucilista ke pocne so rabota na 1 septemvri 2011?
    So pocit!!

  11. eli вели:

    Eelektronskiot dnevnik e ok,no treba da se ime predvid i deka ima odd.nastavnici sto rabotaat vo kombinirani paralelki,so dve,tri ,pa duri i cetiri paralelki.Kolkava ke bide nivnata rabota okolu popolnuvanjeto na denevnicite ,i na klasicnite i na elektronskiot.Treba da se porazmisli i na taa problematika

  12. ljubica вели:

    Ja podrzuvam idejata za e-dnevik.No imam zabeleska sto jas rabotam vo podracno uciliste so paralelka od pet oddelenija.Cesto pati ja nema elektricnata energija po nekolku dena .Internet ima no e mnogu slab, poradi debelina na dzidovite barem taka ni rekoa nadleznite.Internet ima samo vo edna prostorija a nie sme edna oddelenska i dve predmetni paralelki i tie se kombinirani 6 novo i 6 staro 7 i 8 oddelenie.Se slucuva internet da nema po 6 do 10 dena.Kako kje rabotime togas.

  13. silvana вели:

    Предавам во ООУ,,Димката Ангелов-Габерот“Кавадарци, подрачно училиште с.Сопот во одделенска настава.Проектот во нашето училиште стартува од 1Септември и сметам дека е императив на современиот образовен систем во нашата држава.Целосно го подржувам.

  14. Andigona вели:

    Очекувам овој проект значително да го олесни водењето на педагошката документација од страна на наставниците и секако да го подобри увидот на родителите во успехот и поведението на своите деца.

  15. netka вели:

    expect this project to significantly facilitate the conduct of pedagogical documentation by teachers and certainly improve the knowledge of parents in the success and behavior of their children.

  16. Славица Атанасова вели:

    „Човек учи додека е жив“ Кога се сака се‘ се може.Нема враќање назат .Човекот мора да биде во тек со времето за да не го прегази.

  17. nuredin вели:

    go podrzuvam proektot,iako vo naseto uciliste se uste e vo faza na obrabotka i vnesuvanje na podatoci na nastavnicite,dali ke ima seminar kako nastavnicite ke go koristat en,koga poveketo nastavnici ne znat da go koristat kompjuterot?

  18. Dragan вели:

    Ја поддржувам идејата за e-dnevnik, само како наставник во комбинирана паралелка според мене на овој начин дополнително ќе ни се отежне работата, зошто во употреба останува и класичниот дневник. Морам да ви честитам на одличната презентација (упатство) за начинот на пополнување на e-dnevnik, но знаејќи дека повеќето наставници (вклучително и јас) немаат посетено обука сметам дека доколку ја имавме, сега ќе ни беше многу полесно. Се плашам од една работа, пополнувајќи ги многубројните педагошки документации да не го изгубиме времето за добра подготовка на часовите од што се разбира треба да произлезе и квалитетната настава. Добро е да бидеме во чекор со времето, но при тоа да не заборавиме дека нашата главна обврска ни се учениците и успешната реализација на наставните содржини.

    Со почит,
    Драган Јанкоски

  19. Anica Georgievska вели:

    Едневникот стартува и во нашето училиште од 01.12. 2010год. Иако некои вработени имаме потешкотии во најавувањето, се надевав во најскоро време овие аномалии ке бидат надминети. Честитки за успешниот проект.

  20. Suzana вели:

    Електронскиот дневник е прифатлив и лесен за водење, но се уште има недостатоци. Доколку се отстранат до следната учебна година и ги изоставиме класичните дневници ќе биде и напредно и успешно, но во спротивно немам коментар – ќе молчам и ќе работам ….

  21. Љупка вели:

    За почеток е добро, ми се допаѓа е-дневник, но има и некои потешкотии околу логирањето на наставник ! Се надевам на успешна соработка !

  22. Zekirja latifi вели:

    Edna dobra rabota, samo vi posakuvam mnogu uspeh vo ponatamosna rabota i proektot da bide sto pouspesen.

  23. Gordana вели:

    Pred nekolku dena ,za prv pat ja dobiv lozinka, za popolnuvanje na Elektronskiot dnevnik…….Fascinirana sum od ovoj proekt, mnogu ubava novina vo vospitno obrazovniot proces!!!……OD SE SRCE JA PODRZUVAM i isprakam GOOOLEMI CEARITKI :)

  24. irfan вели:

    Navistima E-Dnevnik e golem napredok za obrazovniot sistem vo R.Makedonije.

  25. irfan вели:

    Navistina E-Dnevnik e golem napredok za obrazovniot sistem vo R.Makedonije.

  26. Лазо вели:

    Одлично замислено и направено да функционира!
    Честитки!
    Многу успех на сите!

  27. drasko вели:

    odlicno zamisleno i napraveno da funkcionira! mnogu uspex!

  28. drasko вели:

    odlicno napraveno!mnogu uspex na site!

  29. KOLINA mart 7, 2o12 вели:

    Proektot e odlicen

  30. KGT вели:

    ~ Респект за Тој Што Му текнало да креира Ваква Страница …

Напишете коментар