Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


ПОТСЕТУВАЊЕ- АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ЗА РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ

Објавено на 16 јуни, 2021 во Новости - Нема коментари

Со цел да продолжи навременото информирање на родителите/старателите за образованието на нивните деца преку Електронскиот дневник, Министерството за образование и наука Ве потсетува дека e потребно да се направи ажурирање на податоците за родителите/старателите во системот.

Потребно е секој класен раководител, откако ќе се најави на Е-Дневник во менито родители/старатели да ги внесе, односно ажурира податоците за родителот/старателот (име и презиме, е-меил адреса, мобилен телефон), како и да го означи полето активирај веб услуга.

Секој родител/старател кој што ќе биде внесен во системот, на својата електронска адреса ќе добие корисничко име и лозинка за најава во Е-Дневник.

Со почит,