Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Процедура за одработување на часови во сабота

Објавено на 13 март, 2017 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека доколку треба да одработувате часови во сабота, потребно е класните раководители во Е-Дневникот да направат поделба на тековниот распоред од датумот на учебната недела во која ќе имате работна сабота. Во новиот поделен распоред класните раководители треба да ги внесат дополнителните предмети во сабота (за денот за кој ќе се одржува настава), за да може да ги внесете одржаните часови во истата. Овој распоред треба да важи само за периодот во кој има работни саботи.

На пр. доколку треба да одработувате часови на 18.03.2017 (сабота), класните раководители треба да го поделат распоредот од 13.03.2017 и да направат промена на новиот поделен распоред со внес на соодветните предмети во сабота за денот кој се одработува. Доколку следната сабота не се одработува, класните раководители треба да направат нова поделба на новиот распоред од 20.03.2017 и во новиот поделен распоред од 20.03.2017 да ги отстранат предметите од сабота, со цел распоредот со одржани часови во сабота да трае само една учебна недела (13.03.2017 – 19.03.2017).

Во случај кога веќе имате одработено часови во сабота, откако класните раководители ќе направат соодветна поделба на распоредот, обратете се на мејл адресата ednevnik@ednevnik.edu.mk за да Ви бидат внесени предметите за сабота во новиот поделен распоред, за потоа да можете да ги внесете одржаните часови за тој ден.

На пр. доколку одржаната сабота Ви била на 04.03.2017 (сабота), класните раководители нека направат поделба на тековниот распоред со датум на поделба 27.02.2017. По испраќањето на мејл до горенаведената мејл адреса и добивање потврден одговор дека предметите се внесени во саботата од поделениот распоред, може да ги внесете часовите за 04.03.2017 (сабота). Доколку наредната сабота не се одработува, потребна е нова поделба на распоредот со датум 06.03.2017, со цел претходниот распоред да важи само за таа недела во која се одработувала саботата, односно за периодот 27.02.2017 – 05.03.2017.

Ако се одработуваат повеќе последователни саботи, новата поделба треба да биде од датумот од кој се продолжува со редовна настава со часови од понеделник до петок.

Со почит,
Тимот на Е-Дневник