Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Соопштение за сите класни раководители

Објавено на 4 јуни, 2015 во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека на страната за внесување на родителите за учениците од Вашата паралелка – Родители се имплементирани две нови функционалности.

Првата функционалност е за испраќање на мејл известување до сите родители за кои имате внесено мејл адреса. Со притискање на копчето Испрати мејл до сите родители Вие можете да ги известите сите родители за следната родителска средба или друга активност истовремено.

Другата функционалност е можноста за внес на двајцата родители за секој ученик, такашто за секој родител може да се внесат неговите мејл адреса и телефонски број со што се овозможува и двајцата родители/старатели на ученикот да имаат можност за пристап до Е-Дневникот на ученикот преку сопствената мејл адреса и да добиваат СМС известувања на нивниот телефонски број.

Класниот раководител на паралелката откако ќе ги внесе податоците за првиот родител/старател за ученикот, може да ги внесе податоците и за вториот родител/старател со притискање на копчето Додади родител и пополнување на потребните податоци: име и презиме (задолжително) и телефонски број (опционално). Откако и вториот родител/старател на ученикот ќе биде внесен во системот, класниот може да ја внесе и неговата мејл адреса со притискање на копчето Промени во делот за внес на мејл адреса.

Сите податоци за двајцата родители име, презиме, мејл адреса, тел. број и јазик за смс известување може да бидат променети од класниот раководител во било кое време преку копчето Промени во соодветниот дел.

dvajca_roditeli

Напишете коментар