Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Соопштение за сите директори и инспектори

Објавено на 4 јуни, 2015 во Новости - Нема коментари

Почитувани директори и инспектори,

Ве известуваме дека во Е-Дневник системот дополнително се имплементирани уште две нови страни кои овозможуваат едноставно следење на редовната работа на наставниците во Е-Дневникот. До новите страни Внесени оцени од наставник и Заведени часови од наставник директорите и инспекторите можат да пристапат преку табот Податоци од главното мени.

На страната Внесени оцени од наставник се прикажуваат сите оцени внесени во Е-Дневникот од страна на избраниот наставник, во сите паралелки во кои предава, за разгледуваната учебна година.

vneseni_oceni

На страната Заведени часови од наставник се прикажуваат сите часови заведени од страна на избраниот наставник во сите паралелки во кои предава за период од шест недели. Вие можете да ги прегледате внесените часови од наставникот за цела учебна година со притискање на копчињата Претходна и Следна недела.

zavedeni_casovi

Со имплементацијата на овие страни се олеснува следењето на работата на наставниците во Е-Дневникот од страна на директорите и инспекторите бидејќи се овозможува пристап до внесените податоци во сите паралелки за сите ученици, односно за повеќе учебни недели.

Исто така имплементирана е и страната Статистички преглед на изостаноци достапна за сите директори и инспектори преку табот Статистики од главното мени.

На оваа страна е прикажан бројот на изостаноци по паралелки, ученици и предмети со најмногу изостаноци на ниво на паралелка, како и бројот на изостаноци, ученици и предмети со најмногу изостаноци на ниво на училиште.

statistika_izostanoci1statistika_izostanoco2

Напишете коментар