Објавено на 4 мај, 2015 во Новости - Нема коментари
Почитувани наставници,
Ве известуваме дека во Електронскиот Дневник за основно и средно образование во страните Дополнителна настава и друга помош и Додатна и консултативна настава е имплементирана нова функционалност за внесување на отсутни ученици за соодветната активност.
При запишувањето на реализираната дополнителна/додатна активност покрај описот за активноста, времето на оддржување и присутните ученици, наставникот сега може да ги внесе и учениците кои отсуствувале од истата.
На сите ученици кои ќе бидат внесени како отсутни ученици од дополнителна активност ќе им биде додаден неоправдан изостанок кој се прикажува во делот за изостаноци во страната Оцени и Поведение и во страната Податоци за учениците / Преглед на изостаноците во прегледот по месеци и во прегледот по предмети.
За учениците кои ќе бидат внесени како отсутни ученици од додатна настава нема да биде внесен неоправдан изостанок.