Објавено на 9 јануари, 2014 во Новости - Нема коментари
Почитувани класни раководители,
Ве известуваме дека во страната Оцени и Поведение од Е-Дневникот е имплементирана нова функционалност за внесување на изостаноци за учениците.
Доколку во текот на учебната година дојде до префрлување на некој ученик од едно училиште во друго, или од една паралелка во друга тогаш класниот раководител, на новата паралелка на ученикот, треба да го внесе бројот на изостаноци кои новиот ученик ги има добиено во претходното училиште/паралелка.
Со притискање на копчето Додади класниот има можност да внесе број на оправдани и неоправдани изостаноци за I и II полугодие.
Внесените изостаноци за ученикот се прикажуваат веднаш до бројот на изостаноци внесени за ученикот во новата паралелка.
Со притискање на копчето Избриши веќе внесените префрлени изостаноци за ученикот се отстрануваат.
Префрлените изостаноци се прикажуваат и во страната Податоци за учениците / Преглед на изостаноците веднаш до прегледот на изостаноци за ученикот по месеци.
Овие изостаноци исто така автоматски влегуваат и во статистичките прегледи на паралелката за крај на прво полугодие и крај на година, како и во вкупниот број на изостаноци за ученикот внесени во свидетелството.
Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник