Објавено на 30 декември, 2013 во Новости - Нема коментари
Почитувани класни раководители,
Ве известуваме дека во страната Родители е додадена функционалност за испраќање на мејл пораки (известувања) од Вас како класниот раководител на паралелката до родителите на учениците од Вашата паралелка.
Вие можете да испратите на мејл до сите родители од паралелката за кои имате внесено мејл адреса.
Со притискање на копчето Испрати Е-пошта треба да ја пополните содржината на мејлот кој сакате да го испратите и да го потврдите праќањето со притискање на копчето Прати.
Сите мејлови кои Вие ги имате испратено до родителите можете да ги прегледате со притискање на копчето Прегледај емаил пораки.
Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник