Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Испраќање на известувања по е-пошта (до класните раководители)

Објавено на 30 декември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани класни раководители,

Ве известуваме дека во страната Родители е додадена функционалност за испраќање на мејл пораки (известувања) од Вас како класниот раководител на паралелката до родителите на учениците од Вашата паралелка.

Вие можете да испратите на мејл до сите родители од паралелката за кои имате внесено мејл адреса.

Со притискање на копчето Испрати Е-пошта треба да ја пополните содржината на мејлот кој сакате да го испратите и да го потврдите праќањето со притискање на копчето Прати.

Сите мејлови кои Вие ги имате испратено до родителите можете да ги прегледате со притискање на копчето Прегледај емаил пораки.

roditel_mejl

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Внесување на изостаноци (до класните раководители)

Објавено на 25 декември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека е овозможено внесување на изостаноци (од класните раководители) во било кој ден, за било кој час.

На страната Преглед на изостаноци, класниот раководител на паралелката може да внесува изостаноци преку копчињата Внеси отсутни за цел ден и Внеси отсутен.

Со притискање на копчето Внеси отсутни за цел ден класниот ги внесува учениците кои биле отсутни на сите часови тој ден.

Подобрувањето е направено во делот за внесување на изостаноци преку копчето Внеси отсутен.
Со негово притискање класниот може да ги избере отсутните ученици кои сака да ги внесе и часовите на кои истите биле отсутни.
Откако овие информации ќе бидат внесени со притискање на копчето Зачувај оправдани или Зачувај неоправдани се зачувуваат внесените изостаноци на учениците за избраните часови како оправдани/неоправдани.

klasen_otsutni

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

Известување за сите наставници

Објавено на 24 декември, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека во Е-Дневник системот на страната Податоци > Преглед на внесени податоци по учебна недела е имплементирана уште една нова и корисна функционалност наменета на сите наставници корисници на Е-Дневникот.

На оваа страна освен тоа што е прикажан распоредот на најавениот наставник односно предметот, паралелката, описот на часот кој наставникот го има внесено во соодветната паралелка за конкретниот датум, како и учениците кои биле отсутни за време на одржаниот час сега е овозможено и внесување на податоци (опис и број на час) по сите предмети кои наставникот ги предава во соодветните паралелки.

Со притискање на копчето Внеси опис на час наставникот може да внесе опис во било која паралелка во која предава за конкретниот датум или пак да Промени некој веќе внесен податок.

pregled_na_opisi

Веднаш под оваа табела со притискање на копчето Прегледај ги внесените оцени за оваа учебна недела се појавуваат и информации за оцените кои наставникот ги внел за време на разгледуваната учебна недела, односно прикажани се сите ученици (име и презиме на ученик, предмет, оцената која е внесена во избраниот период како и информација за каква оцена се работи: оцена за усно, писмено, крај на прво / второ полугодие или крај на година) групирани по паралелка.

oceniСо почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник