Објавено на 26 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари
Почитувани наставници,
Ве известуваме дека е овозможено внесување на податоци на страна 124-127 – Евиденција за слободни ученички активности од дневникот за основно образование и на страна број 145-146 - Дневник за слободни ученички активности од дневникот за средно образование од наставници кои не предаваат во избраната паралелка, но реализираат Слободни ученички активности во истата.
Ги молиме сите наставници кои одржуваат Слободни ученички активности во паралелка во која не предаваат да ги внесат потребните податоци за Време на одржување, Број на присутни ученици и Наставен предмет, содржини и активности во наведените страни.
Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник
Објавено на 22 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари
Почитувани наставници,
Ве известуваме дека во Електронскиот дневник за средно образование е имплементирана страната Дневник за работата на ученичката заедница на паралелката (страна број 149-150) .
На оваа страна наставниците кои предаваат во паралелката може да ги внесуваат потребните податоци за работата на ученичката заедница.
Активностите внесени од наставниците се видливи за сите други корисници кои имаат пристап до дневникот на паралелката.
Со притискање на копчето Додади, наставникот внесува податоци за Датум на одржување, Број на часови, Број на присутни ученици и Содржина, односно опис. Внесените податоци може да бидат променети или избришани преку копчињата Промени и Избриши.
Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник
Објавено на 15 ноември, 2013 во Новости - Нема коментари
Почитувани класни раководители,
Ве известуваме дека во Е-Дневникот е додадена функционалност за избор на јазик на СМС пораките.
Во страната Родители, достапна на класниот раководител на паралелката, додадена е опција за избор на јазик (македонски, албански или турски) на кој ќе бидат испраќани СМС известувањата на родителите. Доколку нема внесено јазик за испраќање на пораките, истите ќе бидат испратени на македонски. Со избор на копчето Промени може да биде внесен или променет јазикот за СМС известување на родителот.
Ги молиме сите класни раководители да го внесат јазикот на кој родителот сака да ги добива СМС пораките.
Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник