Përshkrimi i projektit

Ditari elektronik ( E-Ditari ) është projekt i Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës (MASH) i cili ka për qëllim të përmirësojë komunikimin ndërmjet mësimdhënësit dhe prindërve, të mundësojë shqyrtim të shpejtë dhe të thjeshtë të informacioneve nga ditarët nga ana e arsimtarëve në shkollë, të mundësojë analiza statistikore të shpejta dhe të centralizuara nga MASH -i dhe nga institucionet tjera shtetërore.

Следете нѐ на Facebook



Архива


(AL) Njoftim për vlerësimet e testimit ekstern

Објавено на 28 June, 2013 во Новости - 1 коментар

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека оцените од Екстерното тестирање на учениците се внесени во Е-Дневник системот.

Овие оцени се прикажани на страната Оцени и Поведение под годишните оцени на ученикот.

Исто така оцените од Екстерното тестирање се внесени и во свидетелството на ученикот, а општиот успех на ученикот автоматски е генериран од годишните оцени за ученикот и од оцените добиени од екстерното тестирање.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник

(AL) Njoftim

Објавено на 25 June, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани Наставници,

Ве известуваме дека внесувањето на оцени во Е-Дневник системот е оневозможено.

Со почит,
Министерство за Образование и Наука

(AL) Njoftim për të gjithë mësimdhënësit

Објавено на 17 June, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека крајниот рок за Комплетно пополнување на Електронскиот дневник е понеделник 24 Јуни 2013 година.

Со почит,
Министерство за Образование и Наука

(AL) Kumtesë për kujdestarët (udhëheqësit) e klasave

Објавено на 11 June, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека можете да креирате свидетелства на Македонски и албански јазик преку Е-Дневник за учебната 2012/2013 година.

Класните раководители претходно треба да ги имаат внесено крајните оцени (на страница 16-35 “OЦЕНКИ ЗА УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ” ), бројот на изостаноци и останатите податоци од свидетелството (на страница 171 – “СПИСОК НА УЧЕНИЦИ КОИ ПРИМИЛЕ СВИДЕТЕЛСТВО” ) .

За да ги променете податоците за свидетелството како што се име на училиште, датум и место, изберете од горното мени “СВИДЕТЕЛСТВO->ОБРАЗЕЦ” и пополнете ги соодветните полиња.

За креирање на свидетелствo изберете “СВИДЕТЕЛСТВO->КРЕИРАЈ” од горното мени. Од левата страна Ви се прикажани сите паралелки од училиштето, а од десната страна листа на учениците од избраната паралелка. Доколку уредно Ви се внесени податоците за учениците, во средината ќе Ви се прикаже слика од свидeтелство со пополнети информации (предна и задна страница) за избраниот ученик. За да можете да го симнете свидетелството во формат за печатење, изберете некоја од pdf иконите и автоматски ќе Ви се симне соодветното свидетелство на ученикот или на целата паралелка.

Ако полето Прикажи позадина на свидетелство не е селектирано, тогаш се симнуваат само податоците кои треба да се испечатат на свидетелството – оригинал. Доколку полето е селектирано, тогаш се симнува целиот документ (податоците од свидетелството и позадината).

Свидетелствата се достапни само за основни училишта од IV-IX одделение на Македонски и албански јазик и за средни училишта – гимназиско образование од I-IV година на Македонски и албански јазик.

*Совет за печатење: Внимавајте на маргините кои ги подесувате при печатењето, а за најдобро печатење користете ласерски печатачи.

Откако свидетелството кое сакате да го испечатите (свидетелството мора да биде симнато без позадината) ќе го отворите со програма за читање на .pdf документи (Adobe Reader) притиснете на File → Print и ќе ви се појави прозорец за пополнување на потребните параметри за печатење на свидетелството:

- од паѓачкото мени за формат (горе десно) изберете А4 формат

- од паѓачкото мени за Page Scaling изберете една од понудените опции (None, Fit to Printable Area или Shrink to Printable area)