Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Соопштение за класните раководители

Објавено на 11 јуни, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани наставници,

Ве известуваме дека можете да креирате свидетелства на Македонски и албански јазик преку Е-Дневник за учебната 2012/2013 година.

Класните раководители претходно треба да ги имаат внесено крајните оцени (на страница 16-35 “OЦЕНКИ ЗА УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ” ), бројот на изостаноци и останатите податоци од свидетелството (на страница 171 – “СПИСОК НА УЧЕНИЦИ КОИ ПРИМИЛЕ СВИДЕТЕЛСТВО” ) .

За да ги променете податоците за свидетелството како што се име на училиште, датум и место, изберете од горното мени “СВИДЕТЕЛСТВO->ОБРАЗЕЦ” и пополнете ги соодветните полиња.

За креирање на свидетелствo изберете “СВИДЕТЕЛСТВO->КРЕИРАЈ” од горното мени. Од левата страна Ви се прикажани сите паралелки од училиштето, а од десната страна листа на учениците од избраната паралелка. Доколку уредно Ви се внесени податоците за учениците, во средината ќе Ви се прикаже слика од свидeтелство со пополнети информации (предна и задна страница) за избраниот ученик. За да можете да го симнете свидетелството во формат за печатење, изберете некоја од pdf иконите и автоматски ќе Ви се симне соодветното свидетелство на ученикот или на целата паралелка.

Ако полето Прикажи позадина на свидетелство не е селектирано, тогаш се симнуваат само податоците кои треба да се испечатат на свидетелството – оригинал. Доколку полето е селектирано, тогаш се симнува целиот документ (податоците од свидетелството и позадината).

Свидетелствата се достапни само за основни училишта од IV-IX одделение на Македонски и албански јазик и за средни училишта – гимназиско образование од I-IV година на Македонски и албански јазик.

*Совет за печатење: Внимавајте на маргините кои ги подесувате при печатењето, а за најдобро печатење користете ласерски печатачи.

Откако свидетелството кое сакате да го испечатите (свидетелството мора да биде симнато без позадината) ќе го отворите со програма за читање на .pdf документи (Adobe Reader) притиснете на File → Print и ќе ви се појави прозорец за пополнување на потребните параметри за печатење на свидетелството:

- од паѓачкото мени за формат (горе десно) изберете А4 формат

- од паѓачкото мени за Page Scaling изберете една од понудените опции (None, Fit to Printable Area или Shrink to Printable area)

Напишете коментар