Објавено на 15 мај, 2013 во Новости - Нема коментари
Почитувани наставници,
Ве известуваме дека е додадена нова функционалност за запишување на Постигнувањата на учениците која е достапна за сите наставници кои се класни раководители во прво, второ или трето одделение. До новата страна Постигнувања на ученик може да се пристапи преку страната Листа на ученици → Постигнувања на ученик за секој ученик посебно.
На оваа страна класните раководители може да ги внесат постигнувањата на учениците за крајот на првото/второто полугодие и за крајот на учебната година.
Со притискање на копчето Промениможе да се внесат/променат постигнувањата на ученикот за крајот на првото/второто полугодие и за крајот на учебната година. Внесените постигнувања може да се зачуваат/откажат со притискање на соодветното копче Зачувај/Откажи.