Објавено на 30 April, 2013 во Новости - Нема коментари
Почитувани наставници,
Ве известуваме дека во Електронскиот дневник за основно образование се имплементирани страниците Дополнителна настава и друга помош и Додатна и консултативна настава.
На овие страни наставниците можат да внесуваат одржани дополнителни часови и активности само по оние предмети кои ги предаваат во избраната паралелка. Активностите внесени од наставниците се видливи за сите други наставници.
Со притискање на копчето Додади, наставникот може да креира нова активност со податоци за Датум на одржување, Број на часови и Содржина, односно опис за креираната активност. После внесувањето на активноста, со притискање на копчето Внеси ученици, наставникот може да ги внесе сите ученици кои биле присутни на дополнителниот час, а внесените податоци може да бидат променети или избришани преку копчињата Промени ученици, Промени и Избриши.
Објавено на 26 April, 2013 во Новости - Нема коментари
Почитувани наставници,
Ве известуваме дека во Електронскиот дневник за средно образование се имплементирани страниците Дополнителна настава и друга помош и Додатна и консултативна настава.
На овие страни наставниците можат да внесуваат одржани дополнителни часови иактивности само по оние предмети кои ги предаваат во избраната паралелка. Активностите внесени од наставниците се видливи за сите други наставници.