Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Известување

Објавено на 25 јануари, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани корисници на Е-Дневник,

Ве известуваме дека поради надградба на Е-Дневник во текот на денешниот ден (25.01.2013 год.) можни се проблеми со најава и/или користење на Е-Дневник, а откако истите ќе бидат отстранети во текот на денот ќе поставеме ново известување.

Искрено Ви се извинуваме за настанатите проблеми и веруваме дека го разбирате нашиот труд и приоритет во подобрувањето на Електронскиот Дневник.
Ви Благодариме на разбирањето.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник.

Update: Проблемите со најава се решени и отстранети во 10:30 и не би требало повторно да се појават. Ве молиме проверете и обидете се повторно да се најавите на Е-Дневник.

Известување

Објавено на 23 јануари, 2013 во Новости - Нема коментари

Почитувани корисници на Е-Дневник,

Ве известуваме дека од почетокот на второто полугодие во тековната учебна (2012/2013) година, Е-Дневник може да се користи и на Турски јазик.

Доколку сакате да го користете Е-Дневник на Турски јазик, откако ќе се најавете, потребно ќе биде да го направете следново:
(во горното мени) во Податоци > Лични податоци, во полето јазик изберете Турски јазик и кликнете на копчето Зачувај за да ги зачувате промените.

Со почит,
Тим за корисничка поддршка на Е-Дневник