Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


ИЗВЕСТУВАЊЕ – Септември 2012

Објавено на 26 септември, 2012 во Новости - Нема коментари

Почитувани,
Министерството за образование и наука ве известува дека наставните планови за основно образование, гимназиско, средно музичко и уметничко образование во ЕМИС системот, се префлени во новата учебна година. За успешно функционирање на системот, а воедно и електронскиот дневник потребно е да се направи следниот внес на податоци од страна на секое училиште:

  • Внес (распределба) на наставници во новите училишни планови – надлежен Училишен администратор
  • Внес (распределба) на наставници по паралелки – надлежен Училишен администратор
  • Проверка и усогласување на податоци за веќе префрлени ученици и основно дефинирање на самите паралелки – надлежен Училишен администратор
  • Внес на податоци за ученици од прво одделение – надлежен Училишен администратор
  • Креирање на податоци за паралеки за прво одделение / прва година средно образование – надлежен Училишен администратор
  • Пренос на предмети по ученик – надлежен Училишен администратор
  • Внес на податоци за училишни активности за новата учебна година – надлежен Училишен администратор

Напишете коментар