Објавено на 26 септември, 2012 во Новости -
Нема коментари
Почитувани,
Министерството за образование и наука ве известува дека наставните планови за основно образование, гимназиско, средно музичко и уметничко образование во ЕМИС системот, се префлени во новата учебна година. За успешно функционирање на системот, а воедно и електронскиот дневник потребно е да се направи следниот внес на податоци од страна на секое училиште:
- Внес (распределба) на наставници во новите училишни планови – надлежен Училишен администратор
- Внес (распределба) на наставници по паралелки – надлежен Училишен администратор
- Проверка и усогласување на податоци за веќе префрлени ученици и основно дефинирање на самите паралелки – надлежен Училишен администратор
- Внес на податоци за ученици од прво одделение – надлежен Училишен администратор
- Креирање на податоци за паралеки за прво одделение / прва година средно образование – надлежен Училишен администратор
- Пренос на предмети по ученик – надлежен Училишен администратор
- Внес на податоци за училишни активности за новата учебна година – надлежен Училишен администратор