Објавено на 20 јуни, 2012 во Новости - 4 коментари
Почитувани корисници на Е-Дневник,
Ве известуваме дека е достапна новата функционалност за креирање на свидетелствo.
Доколку сте регистрирани како наставник во Е-Дневник тогаш имате пристап до свидeтелствата oд соодветното училиште во кое предавате.
Класните раководители претходно треба да ги имаат внесено крајните оценки (на страница 16-35 “OЦЕНКИ ЗА УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ” ), бројот на изостаноци и останатите податоци од свидетелството (на страница 171 – “СПИСОК НА УЧЕНИЦИ КОИ ПРИМИЛЕ СВИДЕТЕЛСТВО” ) .
За да ги промените податоците за свидетелството како што се име на училиште, датум и место, изберете од горното мени “СВИДЕТЕЛСТВO->ОБРАЗЕЦ” и пополнете ги соодветните полиња.
За креирање на свидетелствo изберете “СВИДЕТЕЛСТВO->КРЕИРАЈ” од горното мени. Од левата страна Ви се прикажани сите паралелки од училиштето, а од десната страна листа на учениците од избраната паралелка. Доколку уредно Ви се внесени податоците за учениците, во средината ќе Ви се прикаже слика од свидeтелство со пополнети информации (предна и задна страница) за избраниот ученик. За да можете да го симнете свидетелството во формат за печатење, изберете некоја од pdf иконите и автоматски ќе Ви се симне соодветното свидетелство на ученикот или на целата паралелка.
Свидетелствата се достапни само за основни училишта од IV-IX одделение и за средни училишта – гимназиско образование од I-IV година.
*Совет за печатење: Внимавајте на маргините кои ги подесувате при печатењето, а за најдобро печатење користете ласерски печатачи.