Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Поделба на распоред

Објавено на 9 април, 2012 во Новости - 3 коментари

Почитувани наставници,

Доколку сте класни раководители и имате проблем со додавањето на саботите во веќе креираниот распоред, Ве известуваме дека е додадена нова функционалност со која ќе го надминете истиот проблем.

Во паралелката во која сте класен раководител, во делот на распоред на часови, десно од секој креиран распоред се наоѓа копче “Подели распоред”. Со оваа функционалност Ви се овозможува да го поделите веќе постоечкиот распоред на два нови распореди кои ќе имаат рок на важење во зависност од тоа кој датум сте го избрале за поделба. Податоците за внесени опис на часови и изостаноци се префрлуваат во соодветните распореди.

На пр. доколку имате креирано распоред кој важи од 02.04.2012 – 29.04.2012, тогаш за поделба на распоредот можете да изберете 9,16 или 23.04.2012.

Услов за поделба на распоредот е датумот што го избирате за поделба да почнува со ден Понеделник и да биде во период во кој важи претходниот распоред (како што е прикажано на сликата подолу).

Podelba na raspored

Izbor na datum

3 одговори на “Поделба на распоред”

  1. roska вели:

    mn.mi se dopga e-dnevnikot

  2. Lazime вели:

    Dnevnikot mi se dopagja

  3. Борче вели:

    Многу убава работа е е-дневникот затоа што во секое време може да се прегледа се и доколку не сме во можност да дојдеме на училиште да се консултираме со наставниците слободно би ни послужил е-дневникот.

Напишете коментар