Објавено на 29 март, 2012 во Новости - Нема коментари
Почитувани корисници на апликацијата Електронски Дневник,
Неодамнешните измени и подобрувања на мрежната инфраструктура, промената на нов интернет провајдер во Министерството за Образование го оневозможија работењето на апликацијата Електронски Дневник во периодот од 23 март до 28 март 2012 година.
Ве известуваме дека апликацијата Електронски Дневник е достапна за користење и не се очекуваат наскоро нови прекини во работата.
Ве молиме да ни ги препратите сите прашања и проблеми кои сте ги имале во периодот од 23 март до 28 март 2012 година.
Искрено Ви се извинуваме за овој прекин и веруваме дека го разбирате нашиот труд и приоритет во подобрувањето на Електронскиот Дневник.
Ви Благодариме на разбирањето и Ве молиме да не контактирате повторно доколку наидете на проблем или имате идеја за подобрување на Е-Дневникот.