Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Една година од постоењето на Електронски Дневник

Објавено на 8 февруари, 2012 во Новости - 7 коментари

СРЕЌНА ГОДИШНИНА!

Почитувани,
Ви се заблагодаруваме и Ви посакуваме уште една поуспешна година со користење на Електронскиот Дневник.
Електронскиот Дневник бeше стартуван пред точно една година, на 8 Февруари 2011 година.
После една година Eлектронскиот дневник има 25 илјади корисници од кои 13 илјади наставници и 12 илјади родители кои во рок од една година посветиле околу 9 милиони минути со користење на Е-Дневник.
Регистрирани се повеќе од 3 милиони оценки, 2 милиони часови и околу 600 илјади изостаноци.
Уште еднаш Ви благодариме на вашите ценети совети, критики и забелешки.