Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Услугата СМС известување од Е-Дневник е пуштена во употреба

Објавено на 27 декември, 2011 во Новости - 3 коментари

Почитувани,
Ве известуваме дека услугата СМС известување од Електронски Дневник е активна.
СМС известувањето ги опфаќа родителите и наставниците корисници на Електронскиот Дневник, и е комплетно бесплатна.

СМС услугата на родителот му овозможува преку СМС порака да добие информации на мобилен телефон за изостаноци, оцени и одржани часови на ученикот.
За родителите овие известувања ќе бидат испраќани секоја недела како неделни извештаи.

СМС услугата на наставникот му овозможува преку СМС порака да добие информации од Електронскиот Дневник на мобилен телефон.

Ве молиме проследете го упатството во продолжение за да ја активиратe услугата.

1.Како да ја активирам услугата СМС известување од Е-Дневник?(наствник)
2.Како да овозможам СМС известување од Е-Дневник на родителите на учениците од мојата паралелка? (класен раководител)
3.Како да ја активирам услугата СМС известување Е-Дневник? (родител)

1.Како да ја активирам услугата СМС известување од Е-Дневник?(наствник)

Од паѓачкото мени ПОДАТОЦИ избереaте ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Внесете го вашиот мобилен телефонски број и кликни зачувај. Потоа активирајте ја услугата ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО СМС и кликни зачувај. Внимавај мобилниот број да биде од формат Yxxxxxx, каде Y е една од цифрите: (0,1,2,5,6,7,8) , а x е било која цифра (0 -9). На крај кликнете зачувај.

2. Како да овозможам СМС известување од Е-Дневник на родителите на учениците од мојата паралелка? (класен раководител)

Од паѓачкото мени РОДИТЕЛИ изберете ја паралелката на која сте класен раководител. За да внесете родител на соодветниот ученик кликнете ПРОМЕНИ во редицата на ученикот. Внесете го неговото име и презиме. Потоа кликнете на Промени Телефонски Број , внесете го мобилниот број на родителот и кликни зачувај. Внимавај мобилниот број да биде од формат Yxxxxxx, каде Y е една од цифрите: (0,1,2,5,6,7,8) ,а x е било која цифра (0 -9).

3.Како да ја активирам услугата СМС известување Е-Дневник? (родител)

Оваа опција е активна само на родителите кои веќе се имаат најавено на Е-Дневник. Доколку сеуште немате корисничко име и лозинка, побарајте од класниот роководител на вашето дете да ви креира кориснички информации. Откако ќе се најавите како родител во Е-Дневник, во горниот десен агол каде што е вашето корисничко име кликнете на “Најавени сте како:”. Ќе ви се отвори прозорецот со вашите лични податоци. Внесете го вашиот мобилен телефонски број и кликни зачувај. Потоа активирајте ја услугата ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО СМС и кликни зачувај. Внимавај мобилниот број да биде од формат Yxxxxxx, каде Y е една од цифрите: (0,1,2,5,6,7,8), а x е било која цифра (0 -9).

3 одговори на “Услугата СМС известување од Е-Дневник е пуштена во употреба”

  1. Zekirja latifi вели:

    Edna dobra, brza i efikasna rabota ni ovozmozuva na nas nastavnici da gi informirame roditelite na vreme za izostanocite, povedenieto ocenkite i odrzuvanje na casovi preku sms i e-mail.
    Pozdrav od nastavnikot zekirja latifi OY “A.Z.CAJUPI”S.OTLA

  2. Adem вели:

    nikogas podobro roditelite se informiraat na prav nacin samo napred pozdrav do vas

Напишете коментар