Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


“ООУ Ванчо Прќе”-Делчево меѓу првите во имплементација на апликацијата “Е-дневник”

Објавено на 9 декември, 2011 во Новости - 3 коментари

Презентација

По темелни подготовки од страна на администраторите во Основното општинско училиште Ванчо Прќе од Делчево, во соработка со одговорните лица во Министерството за образование и наука на Република Македонија, започна користењето на електронската апликација Е-дневник.

На јавна презентација пред вработените и родителите чии што деца учат во ова основно училиште, од страна на директорот на училиштето, беше презентиран начинот на користење на оваа апликација, како и поволностите кои истата ги овозможува. Користењето на оваа електронска алатка за наставниците во училиштето е задолжителна, паралелно со веќе воспоставениот класичен начин на водење на дневник во рамки на воспитно образовниот процес за учениците. Користењето на оваа алатка е овозможено преку интернет комуникација, така што нема никакви ограничувања од каде физички ќе се пристапи кон апликацијата, со користење на интернет врска.

Родитетелите на учениците потребно е да достават стандардна е-мејл адреса на класните раководители во чие што одделение учи нивното дете, по што администраторот ќе креира кориснички податоци за соодветниот родител, и истите ќе му ги достави на родителот. Потоа родителот со овие кориснички податоци ќе може да се најави на системот, и да ги следи секојдневно постигнувањата на неговото дете. Оценките или пак изостаноците кои се направени во даден момент, наставникот е должен веднаш да ги внесе во системот, и автоматски овие податоци се достапни на увид на родителите преку оваа апликација.  Дискрецијата и личните податоци се целосно обезбедени, од страна на апликацијата, така што родителите можат да ги видат податоците единствено само за нивните деца.

slika2

Со имплементацијата на оваа електронска алатка во голема мерка се подобрува квалитетот и ажурноста на образовниот процес, при што комуникацијата на релација училште т.е. наставник-родител е на највисоко можно ниво, што сепак не ја елиминира можноста за класични контакти помеѓу овие два фактори, се со цел за подобро и поквалитетно образование за учениците.

3 одговори на ““ООУ Ванчо Прќе”-Делчево меѓу првите во имплементација на апликацијата “Е-дневник””

  1. bunjamin вели:

    ova e super…samo sto treba da se ima i mnogu prezentaci i vo drugi ucilista

  2. Илинка вели:

    Честитки за администраторот и колегите за понатамошна успешна работа на училиштето.,Презентации е потребно во повеќе училишта .
    Квалитетно менаџирање -од директор ,значи многу ,тука се фокусира и квалитетот на наставниците .

  3. Mitrevska verica вели:

    Многу успешна презентација.Ви упатувам многи честитки до директорот на „Ванчо Прќе“ – администратор и колегите.За успешно- кваллитетно менаџирање – од страна на директорот и службите даваат многу големо значење заедно со наставниот кадар.Во целост ова го презентира и дава углед на училиштето и негвата работа.Би сакала вашиот пример да го проследат и други училишта т. е. директори.

Напишете коментар