Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Нова учебна година 2011/2012

Објавено на 5 септември, 2011 во Новости - 1 коментар

Со цел да отпочнете со користење на Е-Дневникот во новата учебна 2011/2012 година, потребно е да се отвори нова учебна година во ЕМИС, која сеуште не е отворена. Процесот на отворање нова учебна година се извршува еднаш годишно од страна на ЕМИС администраторите.

По отворањето на новата 2011/2012 учебна година во ЕМИС, ќе бидете известени, по што ќе може да почнете со користење на Е-Дневникот.

Податоците од претходната година автоматски ќе се префрлат во новата учебна година, додека новите податоци (промена на класни раководители, нови наставници…), ќе биде потребно да се внесат во ЕМИС од страна на ЕМИС администаторите во училиштата.

Е-Дневникот ќе може да се користи во новата 2011/2012 по завршување на процесот за отварање на нова учебна година во ЕМИС, на кој во моментот работат администраторите од МОН, и кој очекуваме да заврши наскоро.