Përshkrimi i projektit

Ditari elektronik ( E-Ditari ) është projekt i Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës (MASH) i cili ka për qëllim të përmirësojë komunikimin ndërmjet mësimdhënësit dhe prindërve, të mundësojë shqyrtim të shpejtë dhe të thjeshtë të informacioneve nga ditarët nga ana e arsimtarëve në shkollë, të mundësojë analiza statistikore të shpejta dhe të centralizuara nga MASH -i dhe nga institucionet tjera shtetërore.

Следете нѐ на Facebook



Архива


https протокол и сертификат

Објавено на 23 March, 2011 во Новости - 2 коментари

До почетокот на следната недела, кога ќе се најавувате на апликацијата ќе треба да го прифатите сертификатот на серверот за што е потребно да ги извршите следните чекори:
(Следете ги чекорите само за Вашиот пребарувач Firefox 2, (инсталиран на едубунту лаптопите) Firefox 3 или Chrome).

Firefox 2

Чекор 1

Чекор 2

Firefox 3

Чекор 1

Чекор 2

Чекор 3

Chrome

Чекор 1

Поставена нова верзија 0.93

Објавено на 22 March, 2011 во Новости - 3 коментари

Верзијата 0.93 ги содржи следните подобрувања:

  1. Почетната страна Е-Дневник ги покажува најпотребни информации за паралелките, како и кратенки до најкористените пет страни.
  2. Овозможена е навигација низ страниците на дневникот користејќи ги стрелките за навигација од тастатурата.
  3. Од левата страна се поставени кратенки до најкористените страни на дневникот.
  4. Овозможена е навигација низ месеците на дневникот користејќи календар.
    (Промените 1-4 може да ги видите на следното видео)
  5. Внесување и промена на број на главна книга за секој ученик. Сега редоследот на учениците е според бројот на главната книга.
    Број на главна книга
  6. Преместување на предмети со веќе одржани часови во постоечкиот распоред.
  7. Рачно подредување на предметите (стр. 3). Ова подредување на предметите се користи кај внесувањето оценки. (стр. 16-35).
  8. Внесување на изостаноци за сите предмети од класниот раководител.
  9. Изостаноците сега правилно се зачувуваат во прво и второ полугодие во страната за оцени.
  10. Фонтот на апликацијата е комплетно променет во Стоби Санс (StobiSans) и Стоби Сериф (StobiSerif). Оваа промена е видлива доколку користите модерен пребарувач.

Им благодариме на сите кои доставија забелешки и предлози за подобрувања.

Од Развојниот тим на Е-Дневникот

Поставена нова верзија 0.92

Објавено на 2 March, 2011 во Новости - Нема коментари

Верзијата 0.92 ги содржи следните подобрувања.

  1. Наставниците кои предаваат во повеќе училишта нема потреба да добиваат повеќе кориснички имиња туку автоматски се внесени училиштата во кои тие предаваат. Избор на училиште за кое гледаат податоци се прави со мало паѓачко мени (кое е цело време видливо) во горниот десен агол.
  2. Дозволено е менување на датата на распоредот на часови на паралелката
  3. Дозволен е внес на повеќе часови во ист термин. Ова е најчест случај доколку паралелката се дели на повеќе делови бидејќи учениците слушаат предмети до повеќе струки (на пример природно-математичка и општестевена насока во гимназиите).
  4. Додадена е графа причина за отсуство во која коментар внесува само класниот раководител
  5. Наставникот може да ги гледа сите описи на часови во делот за опис на час.
  6. Бројот на максимално дозволени ученици во една паралелка е 44, при што на секоја страна во листата на ученици се прикажани 11 ученици.
  7. Можен е внес на класен/одделенски час во распоред дури и тој да не е внесен во ЕМИС како час кој го има паралелката.
  8. Фонтот на апликацијата е променет во Стоби Санс (StobiSans).
  9. Класниот раководител сега може директно да внесува име и презиме на родителите дури без тие да бидат внесени во ЕМИС.
  10. Доколку се промени адресата за електронска пошта (email) во делот за лични податоци настанува и промена на корисничкото име кое е еднакво на новата адреса за електронска пошта (email), а не на старата како досега.
  11. Доколку еден родител има повеќе деца или пак родителот е исто така и наставник, сега е дозволено внес на иста адреса за електронска пошта (email) во делот за родители. При тоа родителот ќе го користи истото корисничко име за неговите деца како и за делот за наставник (доколку родителот е и наставник).
  12. Датите се локализирани на македонски и на албански. Досега беа на англиски.

Им благодариме на сите кои доставија забелешки и предлози за подобрувања.

Од Развојниот тим на Е-Дневникот