Përshkrimi i projektit

Ditari elektronik ( E-Ditari ) është projekt i Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës (MASH) i cili ka për qëllim të përmirësojë komunikimin ndërmjet mësimdhënësit dhe prindërve, të mundësojë shqyrtim të shpejtë dhe të thjeshtë të informacioneve nga ditarët nga ana e arsimtarëve në shkollë, të mundësojë analiza statistikore të shpejta dhe të centralizuara nga MASH -i dhe nga institucionet tjera shtetërore.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Поставена нова верзија 0.93

Објавено на 22 March, 2011 во Новости - 3 коментари

Верзијата 0.93 ги содржи следните подобрувања:

  1. Почетната страна Е-Дневник ги покажува најпотребни информации за паралелките, како и кратенки до најкористените пет страни.
  2. Овозможена е навигација низ страниците на дневникот користејќи ги стрелките за навигација од тастатурата.
  3. Од левата страна се поставени кратенки до најкористените страни на дневникот.
  4. Овозможена е навигација низ месеците на дневникот користејќи календар.
    (Промените 1-4 може да ги видите на следното видео)
  5. Внесување и промена на број на главна книга за секој ученик. Сега редоследот на учениците е според бројот на главната книга.
    Број на главна книга
  6. Преместување на предмети со веќе одржани часови во постоечкиот распоред.
  7. Рачно подредување на предметите (стр. 3). Ова подредување на предметите се користи кај внесувањето оценки. (стр. 16-35).
  8. Внесување на изостаноци за сите предмети од класниот раководител.
  9. Изостаноците сега правилно се зачувуваат во прво и второ полугодие во страната за оцени.
  10. Фонтот на апликацијата е комплетно променет во Стоби Санс (StobiSans) и Стоби Сериф (StobiSerif). Оваа промена е видлива доколку користите модерен пребарувач.

Им благодариме на сите кои доставија забелешки и предлози за подобрувања.

Од Развојниот тим на Е-Дневникот

3 Responses to “Поставена нова верзија 0.93”

  1. mi se dopajga e- dnevnikot

  2. Zekirja says:

    SO NOVATA VERZIJA 0.93 MNOGU RABOTI IDAT PO DOBRO.
    POZADRAV DO TIMOT ZA RAZVOJ NA E-dnevnikot!

  3. Sonja says:

    Super e mi se dopaga E-dnevnikot!
    Pozz

Leave a Reply