Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.
Почетната страна Е-Дневник ги покажува најпотребни информации за паралелките, како и кратенки до најкористените пет страни.
Овозможена е навигација низ страниците на дневникот користејќи ги стрелките за навигација од тастатурата.
Од левата страна се поставени кратенки до најкористените страни на дневникот.
Овозможена е навигација низ месеците на дневникот користејќи календар.
(Промените 1-4 може да ги видите на следното видео)
Внесување и промена на број на главна книга за секој ученик. Сега редоследот на учениците е според бројот на главната книга.
Преместување на предмети со веќе одржани часови во постоечкиот распоред.
Рачно подредување на предметите (стр. 3). Ова подредување на предметите се користи кај внесувањето оценки. (стр. 16-35).
Внесување на изостаноци за сите предмети од класниот раководител.
Изостаноците сега правилно се зачувуваат во прво и второ полугодие во страната за оцени.
Фонтот на апликацијата е комплетно променет во Стоби Санс (StobiSans) и Стоби Сериф (StobiSerif). Оваа промена е видлива доколку користите модерен пребарувач.
Им благодариме на сите кои доставија забелешки и предлози за подобрувања.
mi se dopajga e- dnevnikot
SO NOVATA VERZIJA 0.93 MNOGU RABOTI IDAT PO DOBRO.
POZADRAV DO TIMOT ZA RAZVOJ NA E-dnevnikot!
Super e mi se dopaga E-dnevnikot!
Pozz