Општ опис

Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн.

Следете нѐ на Facebook



Архива


Поставена нова верзија 0.91

Објавено на 15 февруари, 2011 во Новости - Нема коментари

Верзијата 0.91 ги содржи следните подобрувања.

  1. Проблемот каде на дел од страните не работи паѓачкото мени во верзија на Mozilla Firefox 2.0 е решен. Овој проблем се однесува највеќе на корисниците на Едубунту.
  2. Внесувањето отсутните ученици е олеснето така што се избираат сите отсутни ученици наеднаш. Видете повеќе на следното видео…
  3. Забелешките за отсутни ученици ги внесува секој наставник како посебен запис, а не во еден прозорец за сите записи.
  4. Не е потребно да внесете телефонски број за да промените лозинка.
  5. Подобрена е албанската верзија на апликацијата.
  6. Повеќе подобрувања на дизајнот

Им благодариме на сите кои доставија забелешки и предлози за подобрувања.

Од Развојниот тим на Е-Дневникот

Напишете коментар