Почитувани наставници,
Доколку сте класни раководители и имате проблем со додавањето на саботите во веќе креираниот распоред, Ве известуваме дека е додадена нова функционалност со која ќе го надминете истиот проблем.
Во паралелката во која сте класен раководител, во делот на распоред на часови, десно од секој дефиниран распоред се наоѓа копче “Подели распоред”. Со оваа функционалност Ви се овозможува да го поделите веќе постоечкиот распоред на два нови распореди кои ќе имаат рок на важење во зависност од тоа кој датум сте го избрале за поделба. Податоците за внесени опис на часови и изостаноци се префрлуваат во соодветните распореди.
Услов за поделба на распоредот е датумот што го избирате за поделба да почнува со ден Понеделник и да биде во период во кој важи претходниот распоред.
На пр. доколку имате креирано распоред кој важи од 02.04.2012 – 29.04.2012, тогаш за поделба на распоредот можете да изберете 9,16 или 23.04.2012.
За подетално погледнете ги сликите подолу.
![]()









